Осмооделенците беа во улога на уредници

На 14.04.2021 година беше реализирана онлајн работилница „Биди уредник“ (Be an editor) за време на часовите со учениците од VIII-2 и VIII-3 одд. од страна на предметниот наставник,  Љубица Ружинска. Работилницата е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ преку кои учениците ќе можат да ја развијат дигиталната писменост и да се поттикнат за одговорно дигитално граѓанство.

Целта на оваа работилница е учениците да научат повеќе за одговорностите на уредникот и најважните етички правила на новинарската професија. Во планираните задачи учениците беа ставени во улога на уредници и можеа да предложат измени кои би ги извршиле доколку се уредници во весник во кој е објавен предложениот натпис.

Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк.

Текстот за текот на работилницата можете да го прочитате во нашиот дигитален весник на следниот линк.