Виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Во периодот од 26-28.04.2021 година беа реализирани виртуелни активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“Училиште-домаќин на виртуелните активности беше партнер-училиштето од Естонија, а во активностите учествуваат наставници од сите четири партнер-училишта во проектот: од Латвија, Романија и Македонија. Наставници од нашето училиште кои учествуваа во активностите беа: Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска и Весна Стрезовска. Активностите се реализираа преку платформата MS Teams (26 и 28.04.2021) и апликација Zoom (27.04.2021).

Цели:

  • Запознавање со образовниот систем во Естонија
  • Запознавање со моделот на Slow Movement
  • STEM предмети надвор од училницата – претставување на можности за реализација на предметите надвор од учиницата (во природа) и прилагодување на училишната околина за имплеменатција на истите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.): размена на искуства и примери на добри пракси
  • Сумирање на на досега остварените проектни активности и исходи

Атмосферата од реализираните активности на 26.04.2021 година

Атмосферата од реализираните активности на 27.04.2021 година

Атмосферата од реализираните активности на 28.04.2021 година