Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“ беа одржани виртуелните активности како дел од краткорочни настани за обука на заеднички персонал и придружни лица во периодот од 26-28.04.2021 година на кои училиште-домаќин беше Palade Põhikool, Естонија. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Латвија, Романија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни 4 наставници: Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска, Весна Стрезовска.
На 22.06.2021 година се одржа дисеминација на реализираните активностите.
Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Елена Кузманова, Даниела Давковска, Жаклина Колевска, Весна Стрезовска, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу
Презентација од дисеминација на виртуелната мобилност во Естонија
Атмосферата од реализираната дисеминација на 22.06.2021 година