Регионален натпревар”Млади техничари и иноватори”.

zlatika zlatika1

 

На 25.04.2015г. наставниците по Техничко образование, Марија Ѓорѓевиќ и Златика Јолеска Даскалов, во својство на ментори учествуваа на акредитиран регионален натпревар”Млади техничари и иноватори”. Оваа година натпреварот се одржа во ОУ”Лазо Трпоски” под покровителство на општина Карпош. Во организација на Здружение на наставници по техничко образование НА Република Македонија, на натпреварот се натпреваруваа повеќе од 180 ученици во десет дисциплини.Учениците од ООУ”Лазо Ангеловски”со успех се натпреваруваа во седум дисциплини.Пласман за државен натпревар постигнаа:

Конструкторство- I место

Константина Сарвановска- VIII одд.-ментор Златика Јолеска Даскалов

Дизајнирање- II место

Зорица Ставрова  IX одд. -ментор Златика Јолеска Даскалов

Електроника -IV место

Бојан Гавровски VII одд.- ментор Златика Јолеска Даскалов

Бродомоделарство-V место

Димитар Нешкоски VII одд.- ментор Златика Јолеска Даскалов