Поттикнување демократска клима во училиштето „Засади дрво засади ја својата иднина“

На ден 20.10.2021 година активност за садење на дрвца во рамките на училишната иницијатива за поттикнување на демократска клима во училиштето.

Цели на активноста

  • Да се увиди поврзаноста на ученичките иницијативи со демократската клима во училиштето.
  • Да се разбере важноста на учеството на учениците кога се осмислуваат активности во училиштето.
  • Да се разбере важноста на директорот и стручната служба во градење политики за демократска клима во училиштето
  • Стекнување граѓански компетенции преку воннаставни активности и ученички иницијативи

На часовите по Граѓанско образование со учениите од осмо одделение се разговараше за тоа што се тоа ученички демократски иницијативи и која е целта на тие иницијативи. Им се даде предлог учениците да размислат какви активности за реализација би сакале да поттикнат тие како ученици во нашето училиште. Меѓу бројните предлози решивме да започнеме со првата активност – Активност за подигање на јавна ЕКО свест кај учениците и населението. Преку оваа активност учениците сакаат да влијаат за зголемување на еко свеста на населението и да ја промовираат важноста за зачувување на здрава животна средина.

Лоцирање проблем – Со какви предизвици/потреби се соочуваат учениците во нивното секојдневие?

Учениците и наставниците секојдневно ги користат училишниот двор за игра,дружење,спортски активности и слично.Иако имаме голем и убав училишен двор сметаме дека му недостига доволно зеленило.Сметаме дека со засадување на зелени дрвца покрај оградата на училиштето, ќе се придонесе за естетски поубав простор и најважно е што ке се направи зелен појас кој ќе ја заштитува околината од загаден воздух и преголема бучава.

Избор на проблем – Демократско донесување одлука на кој проблем сакаат да работат/да го решат ?

Учениците во поголем број се согласија за спроведување на иницијативата и решија да започнат со активностите за нивно спрведување.

Планирање – Планирање на чекорите до целта

  • За спроведување на активностите требаше да се закаже состанок со Директорот и стручата служба
  • да се набават садници
  • да се подготви теренот – да се ископаат дупки
  • да се засадат дрвцата,а потоа да се негуваат , да се грижат за нивен опстанок
  • истовремено на секое дрвце да се стави порака за здрава и чиста и зелена околина

Застапување – Обраќање на учениците за поддршка и помош до различни чинители

Учениците предложија да ја споделат оваа училишна иницијатива за што закажаа состанок со раководните лица. Идејата беше пренесена од страна на учениците и прифатена од страна на раководството на училиштето. Одговорни наставници за реализација на училишната иницијатива е директорот Перо Арсеновски, пом.директор Валентина Петрова, социологот Иванка Николова, предметниот наставник Валентина Јањиќ и подршка од теничката служба и хаус мајсторот.

Реализација – Спроведување на планираните активности

  • Во текот на месец октомври беа набавени дрвца за засадување
  • Се ископаа дупки за садење на дрвцата на определеното место
  • Се засадија дрвцата и на нив се закачија пораки кои ќе ја подигаат ЕКО свеста кај останатите ученици и други посетители

Проценка на постигнувања и рефлексија – Какви резултати се постигнати? Што научија учениците? Кои вештини ги стекнаа?

  • Разубавување на дел од училишниот двор
  • Подигање на свест за чиста и зелена средина со што се намалува загадувањето и бучавата.
  • Успешно реализирана ученичка иницијатива

Крајна цел:

Поттикнување на чувство на одговорност помеѓу учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и зајакнување на нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена

Училишни иницијативи ќе се реализираат и во месеците ноември и декември. На крајот на декември треба да се направи настан т.н. Отворен ден за граѓанско образование (каде ќе бидат презентирани училишните иницијативи). Училишната иницијатива “Засади дрво засади ја својата иднина” ја реализираа учениците од осмо одделение во училишниот двор (училница на отворено).