Филмски натпревар „Бескрајна приказна“

Во март 2015г. Гете институтите од Македонија и Турција распишаа конкурс за филмски натпревар наменет за учениците од училиштата кои учат Германски јазик од прво одд.Задачата беше учениците да подготват и одглумат сцена од филмот „Бескрајна приказна“.

Особено со својата глума се истакнаа ученичките од нашето ООУ„Лазо Ангеловски„ Гала Атанасова и Ева Стојановска од 8-2 одд. предводени од нивниот ментор наставник по германски јазик Симона Чиковска-Зафировска.Наградата за победниците е стипендија за учество на театарски камп во Охрид.