Едуино игратон – Детективи во лов на литературни скриени богатства I-1

Учениците од I-1 одделение од ООУ„Лазо Ангеловски“ на 30.11.2021 год. во рамките на предметот македонски јазик реализираа  активност „Детективи во лов на литературни скриени богатства“.

Цели на оваа активност се:

  • Детето да се запознава со улогата на библиотеката во училница и да развива интерес за нејзино користење;
  • Развивање љубов кон читањето книги;
  • Збогатување на речникот.

Активностите се состоеја во тоа што најпрво ја уредуваа библиотеката во училницата, ги подготовуваа листите со предизвици кои малите „детективи“  ќе се обидуваат да ги одгатнат трагајќи низ страниците на сопствените книги, сликовници, енциклопедии, лектирни изданија од полиците на библиотека.

Малите детективи работеа во групи, внимателно ги читаа(разгледуваа) поставените предизвици и ја започнуваа својата авантура низ страниците на книгите откривајќи ги „скриените бoгатства“, потоа со помош на наставикот ги запишуваа насловите и името на авторот на книгите во кои го препознале дадениот предизвик.

Одделенски наставник: Емилија Сарафилоска I– 1 одд.