Учениците од I-2 одделение од ООУ„Лазо Ангеловски“ на 30.11.2021 година во рамките на предметот –македонски јазик реализираа активност насловена како „Детективи во лов на литературни скриени богатства“.
Целта на оваа активност е учениците да се запознаат со улогата на библиотеката во училница и да развијат интерес за нејзино користење; развивање љубов кон читањето книги; збогатување на речникот.
Материјали потребни за оваа активност се:
- Уредена училишна библиотека;листови хартија;прибор за цртање
Време за реализација: три дена по 40 минути
Возраст – Развоен период: 5-6 години
Оваа активност траеше неколку наставни часови. Најнапред учениците со помош на наставникот започнаа со преуредување на библиотеката во училницата; со сликовници, книги и енциклопедии кои до тогаш ги имаат прочитано и разработено. Потоа се продолжи со подготовка на листа предизвици кои малите ,,детективи“ ќе се обидат да ги одгатнат трагајќи низ страниците на книгите, сликовниците, енциклопедиите,од полиците на библиотека.На наредниот час малите детективи внимателно ги слушаат поставените предизвици( да ги поврзат ликовите со сликовницата или книгата во која се наоѓаат) и ја започнаа својата авантура. При тоа требаа да ги следат стрелките кои ќе ги однесат до скриеното богатство и откривање на предизвиците.Детективите беа навистина успешни во следењето на стрелките кои ги однесоа пред вратите на училишната библиотека. Таму најнапред ги разгледаа книгите на полиците, а потоа пристапија кон барање и поврзување на ликот со соодветната сликовница или книга.Имаа малку поголем предивик низ мноштвото на книги да ги пронајдат , но ловот на скриените литературни богатства успешно беше реализиран.Следеше разговор и потсетување на содржините на литературните дела кои ги красат полиците на библиотеката и откривање на нови непрочитани содржини.
Резултати од примената на оваа игра:
Учениците ја користат библиотеката во училница и училишната библиотека; самостојно избираат, разгледуваат и разговараат за прочитаните сликовници за деца, книги за деца и сл.
Одделенски наставници на I-2 одделение : Магдалена Петреска и Зорица Божинов