Активностите на учениците од III одделение се реализираа на ден 30.11.2021 год.
Програмско подрачје: Математика
Цели: Запознавање со мерни единици за време; Идентификување и подредување на броеви, денови во седмицата и месеци во годината; Користи соодветни мерни единици за мерење на време(ден, месец, година); Стекнување на навики за меѓусебна соработка
Резултати: Именува мерни единици за време, броеви и редните броеви; Именува денови од неделата и месеците од годината; Покажува интерес за меѓусебна соработка.
Краток опис на активноста: Наставникот претходно изготвените шаблони ги сече и ги дели во три торбички „Весели торбички“ (торбичка со броеви, торбичка со денови и торбичка со месеци од годината).
Преку разговор и упатство на децата им се објаснува начинот и постапката на играта.
„Кружен календар: Времето се врти“ е игровна активност која има за цел да се научи редоследот на деновите во седмицата и месеците во годината, подредување на броевите во низа. Учениците се поделени во три групи во зависност од бројот на учениците во паралеката. Секоја група добива по едно „Весело торбиче“ и шаблон од еден круг. Во секое од торбичињата се наоѓаат исечени кругчиња на кои во едно се испишани броевите, во друго деновите и во третото месеците. Учениците извлекуваат од торбичињата и ги подредуваат според правилниот редослед. Истите ги лепат на шаблоните од круговите кои се различни по големина. Прв и најголем е кругот со броевите, втор по големина е кругот со месеците и најмал кругот со деновите во седмицата. Кога сите групи ќе завршат со активностите ги соединуваат трите круга во една целина. Потоа на календарот се става и лентата покажувач на која што има три празни полиња.
Одделенски наставници:
Билјана Кузевска III-1
Гордана Камческа Ѓоревска III-4
Тамара Тодоровска III-5