Отворен ден по Граѓанско образование под мотото „Поттикнување на демократска клима во училиштето”

На ден 22.12.2021 во 12:15 часот (СРЕДА) за прв пат во нашето училиште се спроведе Отворен ден за Граѓанско образование под мотото „Поттикнување на демократска клима во училиштето” подржан и инициран од тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Бирото за развој на образованието, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Учениците ги презентираа своите Училишните активности “Засади дрво,засадија својата иднина”, “Пријателство наместо насилство” и “Xуманитарна работилница по повод Нова Година”, кои беа реализирани со физишко присуство и онлајн на платормата Zoom. На настанот  беа вклучени представници од БРО, наставници, стручна служба, ученици и родители.

Целта на активностите беше да се поттикне одговорноста на учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата, како и да се зајакне нивната иницијативност за превземање активности за позитивни промени. Истовремено активноста придонесе за промоција на граѓанските вредности на ниво на целото училиште.