На 23.12.2021 година со почеток од 17:30 часот беше реализирана едночасовна Тркалезна маса на којашто разговараме на тема „Младите и медиумите“. Истате беше реализирана онлајн преку MS Teams платформата. Активноста е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“.
Сакаме да се позборува за состојбата со печатените и дигиталните медуми за деца и млади, потребата од нив, степенот и квалитетот на медиумската писменост кај децата и младите итн. За таа цел, нашите гости-учесници, стручни лица, имаа излагања на темата, секоја од својот домен на стручност и опфат:
- д-р Жанета Трајкоска од ИКС (Институт за комуникациски студии) – квалитет на пласирани информации во медиумите, медиумска писменост во образованието, младите и медиумите, и сл.
- м-р Филијана Кока, уредник во МТВ и потпретседател на Здружението на новинарите на РСМ – состојбата со телевизиска програма за деца и млади (филмски, сериски, документарни, интерактивни итн.);
- г-ѓа Ксенија Трајчева-Маказлиева, уредник во редакцијата „Детска радост“ – печатени и дигитални списанија за деца и млади.
Настанот беше посетен од страна на членовите на медиумската секција од училиштето, наставници, ученици и нивни родители како и посетители од локалната средина и пошироко.