Втора ученичка размена во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана втората ученичка размена во периодот од 11-15.04.2022 година во која домаќин беше нашето училиште. На размената присуствуваат 31 ученик и 16 наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Србија и Македонија.

Темата на оваа размена е “Моќта на медиумите“, а преку планираните активности за време на мобилноста беа опфатени следните аспекти:

  • одговорност на новинарот наспрема одговорност на читателот,
  • влијание на медиумите врз општеството и социјалниот живот и
  • контрола на информациите.

На 11.04.20222 година, гостите, ученици и наставници од партнер училиштата, по пристигнувањето во училиштето беа поздравени од в.д. директорката, м-р Магдалена Петреска, која им посака топло добредојде и се осврна на проектот и неговата важност за идните генерации истакнувајќи дека сега кога живееме во време на отворено и брзо пласирање на информации нашите деца треба да знаат како да ја проверуваат веродостојноста на истите, да ги препознаваат дезинформациите и како во иднина одговорно самите тие да пласираат информации. Само така може да имаме добро информирани идни граѓани и веродостојни информации. Потоа таа истакна дека не само што проектот придонесува за иднината на децата, туку и придонесува кон создавање на спомени на училишните клупи преку склопување нови пријателства и силни врски кои се едни од најголемите придобивки во еден човечки живот.

Потоа гостите проследија пригодна приредба изведена од нашите ученици на која беше прикажана куса драматизација поврзана со обичаите за Велигден и народни ора.  Во текот на денот следеа активности за тим-билдинг и меѓусебно запознавање на учениците, посета и прием во општина Аеродром и проследување на првиот дел од презентациите за Македонија, а во пладнивните и вечерните часови во опуштена атмосфера имаше заеднички ручек и вечера со сите гости.

Во текот на останатите четири ден од ученичката размена се реалаизираа повеќе работилници поврзани со темата на размената и во склад на целите на проектот и тоа: „Моќта на медиумите“, „Да бидеме реални“, „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“ и „Филтирани меурчиња“. Учесниците на размената исто така имаа можност да се запознаат со културата, обичаите и знаменитостите на градот Скопје и нашата држава преку презентации кои сами ги подготвија како и културните посети кои се реалзираа во текот на размената: шетачка тура низ градот Скопје проследена со лов на богатство, како и посета на археолошкото наоѓалиште Стоби. Истовремено преку различните видови на неформали активности во училиштето и надвор од него учесниците имаа можност да се дружат, забавуваат и да формираат нови пријателства со своите со-учесници од различните држави.

Атмосферата за време на првиот ден од размената

Атмосферата за време на вториот ден од размената

Атмосферата за време на третиот ден од размената

Атмосферата од Treasure hunt активноста за време на шетачката тура низа Скопје 

Атмосферата за време на четвртиот ден од размената

Атмосферата за време на петтиот ден од размената