Лична Карта

 

Општи податоци за училиштето

Идентификациони податоци :

ООУ „Лазо Ангеловски“

Булевар АСНОМ бр.192, Скопје

Телефон – факс : (02) 2430-324

Општина Аеродром

 

ООУ„Лазо Ангеловски“ е лоцирано во рамките на општина Аеродром – Скопје, во населбата Ново Лисиче и е едно од најголемите училишта во Р. Македонија. Oпштина Аеродром брои приближно 100.000 жители. Во општината се регистрирани 6788 деловни субјекти.

Површината на општината изнесува 21,85 км квадратни, од кои 60% е урбан дел и 40% е рурално земјиште. Општина Аеродром е прва општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.

Општина Аеродром е високо урбанизирана и во неа се сместени 7 основни училишта и три училишта за средно образование. Според некои проценки и пописни списоци за Скопје, Ново Лисиче има околу 17 200 жители од кои 97,5% се македонци, 1% Срби, 0,5% Албанци и 1% друго население. Вработеноста е околу 81%, а писменоста на населението околу 94,8%.

Во ООУ „Лазо Ангеловски“ се запишуваат учениците од реонот бр.5 во кој спаѓаат следните улици:

  • Бул. „АСНОМ“ – сите згради со парни броеви од бр.2-74;

  • Бул. „Видое Смилевски Бато“ – сите згради со непарни броеви од бр.1-91

  • Ул. „Тодор Чангов“ – сите непарни броеви, почнувајќи од улица 17 па нагоре

Училиштето е изградено во 1988 година и е основано на Општинското Собрание на Општина Кисела Вода – Скопје со решение бр.15-6253/1 од 13.9.1988 година. Зградата на училиштето е цврста градба и затоплувањето е централно.

Најголем број ученици во ООУ„Лазо Ангеловски“ имаше во учебната 1993/94 година, вкупно 2700 ученици.

Училиштето има свој амблем и училишна химна. Традиционално, покрај одбележувањето на патрониот празник на училиштето во училиштето се организираат следните манифестации:

  • Јас имам талент

  • Игри на музика

  • Квизови на знаења за учениците

  • Вечер на странски јазици

  • Ликовен хепенинг

  • Денови на спортски активности

Нашето училиште беше прво пилот училиште за реализација на следните проекти:

  • Активна настава-интерактивно учење

  • Описно оценување

За своите активности и работа учениците заедно со своите наставници се носители на голем број награди и признанија кои се истакнати во холовите на училиштето и за кои постои евиденција кај библиотекарот на училиштето.

Покрај одбележување на 2 јубилеја од постоењето на училиштето (10 години и 20 години) оваа учебна година ќе се одбележат и јубилејни 25 години од постоење и работа на училиштето .

Во учебната 2012/13 по иницијатива на општина Аеродром беше организиран натпревар за избор на најпопуларно училиште на ниво на општина на кој нашето училиште се стекна со титулата Најпопуларно училиште во општина Аеродром.