Учество на натпревари и освени награди 2014/2015

Трето место на Олимпијада по француски јазик

Ива Угриновска ученичка од деветто одделение во ООУ„Лазо Ангеловски“ , под менторство на наставничката по француски јазик Милена Калиновска, го освои третото место на државниот натпревар-олимпијада по француски јазик,2015г.
Натпреварот се одржа на ден 25.4.2015г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ -Скопје и на него учествуваа повеќе од 50 ученика од Република Македонија.

11149307_10206611743114897_8080626830240168884_n 11164786_10206611743034895_3611712573060026811_n

Меѓународен ликовен конкурс во Турција

Дипломи од учество на Меѓународна ликовна изложба во Турција,во конкуренција од цел свет освоија вредните и талентирани првачиња Елена Велкоска и Лина стефанова и наставничките Светлана Јосифовска и Јана Перковска.

11312835_10206942999276094_4351519244501090855_o 11270412_10206942999676104_502331912629743040_o

Прво место на HIPPO 1 во Италија

На 10.5.2015г. во Италија се одржа третиот по ред интернационален натпревар по англиски јазик HIPPO. Ученичката Карина Митрева од 6 одд. во ООУ„Лазо Ангеловски“ под менторство на наставничката Милена Игњатова, го освои првото место во категоријата HIPPO 1. На натпреварот учествуваа голем број финалисти од 11 земји.
Карина за финалето во Италија се пласираше на натпреварот во Македонија, организиран во ООУ„Лазо Ангеловски“, во март годинава.

10390366_10206727083198327_1022899172449230312_n 11146550_10206727084518360_1985754453540306488_n 11083883_10206727085358381_4556688284561425701_n

Регионален натпревар”Млади техничари и иноватори”

На 25.04.2015г. наставниците по Техничко образование, Марија Ѓорѓевиќ и Златика Јолеска Даскалов, во својство на ментори учествуваа на акредитиран регионален натпревар”Млади техничари и иноватори”. Оваа година натпреварот се одржа во ОУ”Лазо Трпоски” под покровителство на општина Карпош. Во организација на Здружение на наставници по техничко образование НА Република Македонија, на натпреварот се натпреваруваа повеќе од 180 ученици во десет дисциплини.Учениците од ООУ”Лазо Ангеловски”со успех се натпреваруваа во седум дисциплини.Пласман за државен натпревар постигнаа:

Конструкторство- I место

Константина Сарвановска- VIII одд.-ментор Златика Јолеска Даскалов

Дизајнирање- II место

Зорица Ставрова  IX одд. -ментор Златика Јолеска Даскалов

Електроника -IV место

Бојан Гавровски VII одд.- ментор Златика Јолеска Даскалов

Бродомоделарство-V место

Димитар Нешкоски VII одд.- ментор Златика Јолеска Даскалов

zlatika1 zlatika

Олимпијада по француски јазик

На регионалниот натпревар-Олимпијада по француски јазик -за 2015 г. во категорија на ученици од IX одделение, овие ученици се квалификуваа  за државен натпревар.Ива Угриновска освои прво место, Евгенија Стефановска освои второ место и Александар Трендов четврто место.На учениците им посакуваме многу среќа и успех во понатамошните натпреварувања.

Регионален натпревар по математика

На 28.03.2015 год. се одржа регионален натпревар по математика во ОУ ,,Димитар Македонски,, на кој учество земаа уцениците од IV-4 одделение и освоија две први,едно второ место и една пофалница:
Стефановска Мариела-1 место,
Стојановиќ Милијана -1 место,
Шаровиќ Максим -2 место и
Филиповски Борјан-пофалница.
Им посакуваме многу среќа и понатамошни успеси.

MAT

Ликовен конкурс во Бугарија

Ученици од нашето училиште учествуваа во ликовен конкурс во месец февруари 2015 година .На меѓународниот конкурс во Бугарија организиран од ART CONTESTOR на тема :Морски длабочини .

Нашите ученици од I/ 4 :Елена Велкова и Виктор Стојковски и Дамјан Трипуновски од I/ 3 освоија дипломи за најдобар цртеж во многу голема конкуренција .Учесниците се оценети во три возрасни групи,деца до 8 години,до 12 години и до 18 години.

KOKK KKK

Државен натпревар по спелување(правопис) на француски јазик

На 13.12.2014г.во просториите на Филолошкиот факултет во Скопје, се одржа Државен натпревар по спелување на француски јазик.Нашето училиште беше претставувано од ученикот Андреј Талески и неговата наставничка Милена Калиновска.Андреј Талески освои второ место на овој натпревар.

Меѓународни детски  ликовни изложби

Учениците  од ОУ ,,Лазо Ангеловски” се закитија со повеќе награди на две Меѓународни детски  ликовни изложби.

Ученикот Марко Павлески од I4 одделение освои прво место    и  ученичката Анастасија Петровска од VIIIодд освои со трето место на традиционалната меѓународна детска ликовна изложба „13 Ноември“ во организација на Детскиот ликовен центар, под покровителство на Град Скопје. Учениците Елена Велкоска од I4 и Теа Савова  од VIIIодд. се закитија со  дипломи (прво место ) а Кирјана Каникова од I4 одд. oсвои второ место  на  меѓународната  изложба ,,ФЛОРА И ФАУНА-2014,  чиј покровител е  Министерството за култура на Република Македонија во организација  Детскиот ликовен центар.

sliki svetle2 sliki svetle1 sliki svetle

Градски натпревар-Против пожарна заштита

Во просториите на “Даре Џамбаз”на 19.11.2014г. се одржа градски натпревар -Против пожарна заштита.ОУ”Лазо Ангеловски”го претставуваше екипа:Сара Коцевска ,Константина Сарваноска,Стефан Стојанов со менторот  Жаклина Колевска и освоија прво место во категорија кадети.Државниот натпревар ќе се одржи во декември во Кочани.Посакуваме уште едно прво место.

DSC06425 DSC06424 DSC06426DSC06427 DSC06429DSC06430

Второ место на општински натпревар „Млади библиотекари“ 

Осмооделенката Ева Стојановска од ОУ „Лазо Ангеловски“, под менторство на библиотекарот Благица Ангеловска, го освои второто место на XV Општински натпревар „Млади библиотекари“ што неодамна го организираше Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. На овој натпревар учествуваа 55 ученици од 23 општински основни училишта од Скопје. Најдобрите тројца ученици според освоените бодови, меѓу коишто и нашата ученичка Ева Стојановска, продолжуваат да се натпреваруваат на претстојниот Републички натпревар што ќе се одржи во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, организиран од Библиотекарското друштво на Македонија.

Инаку, целта на натпреварот „Млади библиотекари“ е поттикнување на читањето кај младата популација и развивање на навиките за користење на библиотеките како културно – образовни и информативни институции.

blagica