Клучна акција 2: Соработка за иновација и размена на добри практики – КА219– Стратешки партнерства во училишно образование 2016-2018 година

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909  Copy of logo-plus_0

Еразмус + КА219 проект „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future)

Project logo

Посетете ја веб страната на проектот на следниот линк

Традиционални детски игри

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста изработка на Збирка со традиционални детски игри и ДВД.  Секое партнер-училиште ќе избере 3 традиционални детски игри, за кои: ќе се изработат инструкции за играње на играта, ќе се изработат пример планирања за примена на игрите во наставата и ќе се направат видеа како учениците ги играат игрите. Потоа игрите од различните земји ќе бидат применети во наставата.

Целта на активноста е:

  • учениците да се запознаат и да ги научат традицоналните игри од земјите-партнери
  • да се зајакне спортот и физичката активност преку игри.

Подолу се видеата од избраните традиционални игри од: Австрија, Италија, Македонија, Романија и Турција.

Трет интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан третиот интернационален координативен состанок во периодот од 29-31.05.2017 година во Софија, Бугарија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенските наставници, Гордана Камческа и Магдалена Петреска.

Цели на состанокот беа:

  • запознавање со бугарската кутура, традиции и обичаи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на уметност;
  • разгледување и дискусија на остварените проектни активности и исходи од првата половина на проектот;
  • дискусија за активностите и начините за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • дискусија за начини за поголема интереакција на учениците од партнер-училиштата;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени за втората половина од проектот.

Промотивен настан на активностите од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future)

На 17.05.2017 година беше одржан промотивен настан на активностите од првата половина на проектот од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future).

За време на настанот учениците ги презентираа реализираните активности од оваа учебна година и тоа:

  • Изработка и размена на честитки за Нова година и Божиќ
  • Изработка на украси за новогодишното дрво посветено на проектот
  • Уметничка галерија: сликање по инспирација на интернационални сликат и тоа – турски сликар Нури Абач, австрискиот сликат Густав Климт и бугарскиот сликат Владимир Димитров
  • Возот на мирот
  • Традиционални детски песни и традиционални детски игри

На настанот присуствуваа претставници од локалната средина, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како и претставници од општина Аеродром, наставници и ученици од другите училишта од нашата општина и родителите од нашето училиште.

Резултатите од спроведената анкета за време на настанот можете да ги погледнете тука.

Настанот како и самиот проект исто така беше промовиран за време на утринската програма на ТВ „Нова“ каде што гледачите имаа можност накратко да бидат запознаети со целите на Еразмус+ програмата КА219 и самиот проект „Да ја обоиме иднината“.

Традиционални детски песни – пеење на партнерски песни

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста изработка на ЦД со традицонални детски песни. Секое партнер-училиште ќе избере 2 традицонални песни за кои ќе се смини музиката на песната, ќе се напишат нотите за песните и текстот.  Потоа учениците ќе ги научат песните од различните земји.

Целта на активноста е:

  • да научат за традиционалната музика на партнер-земјите и
  • да се поттикне уметноста преку музичкото образование.

Во рамките на активноста од месец декември 2016 година до месец мај 2017 година, учениците од IV-1 одделение под менторство на одделенскиот наставник Соња Геговска научија 3 традиционални песни од партнер-земјите: Романија, Турција и Италија.

Интернационално гласање за најдобрите постери за мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во периодот од 26.04 до 10.05.2017 година беше спроведен интернационален избор (гласање) за најдобри постери за мирот, кое е дел од активноста Воз на мирот во рамките на проектот.

По изборот на најдобрите 3 постери за мирот во секое парнер-училиште, учениците со сите 6 земји имаа можност да гласаат онлајн за изборот на најдобриот постер од секоја држава. Ова се резултатите од интернационалното гласањето:

international peace poster voting results

Победничките постери од секоја земја се следните:

Македонија

Poster competition-II place

Турција

1. EKİN DİKMEN (TURKEY)

Италија

20170329_161151

Романија

romania2

Бугарија

2 Bulgaria Poster 2 kl

Австрија

Rianna & Aya

Уметничка галерија – бугарскиот сликар Владимир Димитров

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месеците април и мај беа посветни на бугарскиот сликар Владимир Димитров. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Владимир Димитров.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Учество во емисијата „Голем одмор“

На 11.05.2017 година нашите ученици гостуваа во детската емисија „Голем одмор“ на МТВ. За време на емисијата беа прикажани и промовирани активностите од првата половина од Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) и тоа:

  • Изработка и размена на честитки за Нова година и Божиќ
  • Изработка на украси за новогодишното дрво посветено на проектот
  • Уметничка галерија: сликање по инспирација на интернационални сликат и тоа – турски сликар Нури Абач, австрискиот сликат Густав Климт и бугарскиот сликат Владимир Димитров
  • Возот на мирот
  • Традиционални детски песни и традиционални детски игри

Меѓу другото за време на емисијата беше промовиран и завршниот настан за оваа учебна година во нашето училиште кој ќе се одржи на 17.05.2017 година и каде што ќе се изврши  промоција на изведените активности.

Целата емисија можете да ја погледнете на следнито видео:

Промотивен настан  на активностите од  Еразмус+ проектот КА219-стратешки партнерства “Да ја обоиме идината“ 

Ни претставува чест и огромно задоволство да ве поканиме на завршниот настан за оваа учебна година во нашето училиште каде што ќе се изврши  промоција на изведените активности од Еразмус+ проектот КА219-стратешки партнерства “Да ја обоиме идината“ 

18280825_10212223096350561_1517749942_n

Уметничка галерија – австрискиот сликар Густав Климт

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месеците февруари и март беа посветни на австрискиот сликар Густав Климт. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Нури Абач.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Втор интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан вториот интернационален координативен состанок во периодот од 1-3.03.2017 година во Морени, Романија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенските наставници, Тања Јосимовска и Соња Геговска, и директорот на училиштето, м-р Милка Тримчевска.

Цели на состанокот беа:

  • запознавање со романската кутура, традиции и обичаи;
  • запознавање со традиционалната романска уметност;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на визуелната уметност;
  • разгледување и дискусија на досега остварените проектни активности и исходи;
  • дискусија за активностите и начините за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени до крајот на оваа учебна година.

Воз на мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Воз на мирот. Месец февруари беше месец посветен на мирот. За време на активноста учениците пишуваа пораки, цртаа цртежи, изработуваа предмети и сл. за да ги искажат своите чуства или мислења за мирот. Секое партнер-училиште изработи вагон во кој се собираа пораките, цртежите, изработките. Сите вагони на крај ќе се спојат за да се добие Возот на мирот. Целта на активноста е да се подигне свеста за важноста на мирот во светот.

Во нашето училиште се спроведоа две активности во кои учествуваа учениците од I-V одделение:

  • Првата активност беше литературно творење на тема „Мир“  и за таа цел, во училиштето беше поставен изработениот Воз на мирот во кој учениците ги ставаа своите пораки и изработки.
  • Втората активност се однесуваше на изработка на постер преку кој учениците ќе ја пренесат својата порака за мирот, преку цртеж, слика, песна.

Изработка на Возот на мирот од картонски кутии

pixiz-22-02-2017-20-36-43

Пишување на пораки, цртање на цртежи и изработка на предмети за да искажат чуствата или мислењата за мирот

Учениците го наполнија Возот на мирот со своите изработки

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Изработка на постерите за конкурсот за најдобар постер (индивидуално или групно) преку кој учениците ги пренесоа своите пораки за мир, со кратки пораки, цртежи, слики

Од доставените постери, комисијата составена од три члена избра три најдобри постери според однапред определените критериуми за избор. Трите најдобри постери ќе учествуваат во интернационалниот избор со сите партнер-училишта, учесници на овој конкурс.

Прво место: постерот од III-1 оддление (групен) – наставници Билјана Колевска и Кристина Башовска

I mesto

Второ место: постерот од I-5 одделение (групен) – наставник Виолета Спасова

II mesto

Трето место: постерот од III-3 одделение (групен) – наставници Светлана Јосифовска и Јана Перковска

 III mesto

Како пофален постер е избран постерот на ученикот Никола Ристовски I-1 одделение – наставници Ирена Христовска и Магдалена  Петреска

 pofalen

Традиционални песни

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста изработка на ЦД со традицонални песни. Секое партнер-училиште ќе избере 2 традицонални песни за кои ќе се смини музиката на песната, ќе се напишат нотите за песните и текстот. Потоа ќе биде создадено ЦД со песните и книга со текстовите и музичикте ноти од сите партнер-училишта. Во втората година од проектот ќе се употреби ЦД и книгата за да учениците ги научат песните од различните земји.

Целта на активноста е:

  • да научат за традиционалната музика на партнер-земјите и
  • да се поттикне уметноста преку музичкото образование.

Во рамките на активноста во месец февруари учениците од IV-1 одделение под менторство на одделенскиот наставник Соња Геговска и наставникот по музичко образование Тања Крстевска обработија 2 македонски традиционални песни:

„Македонско девојче“ (изведба на песната)

(нотен текст на песната)

„Играле егрени“ (изведба на песната)

(нотен текст на песната)

Уметничка галерија – турскиот сликар Нури Абач

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месец декември беше посветен турскиот сликар Нури Абач. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики:

  • караќоз од турскиот театарот на сенки;
  • хетити фигурите;
  • минијатурите
  • имагинарните фигури
  • невообичаените, фигури како од бајки
  • вртелешките
  • анатолиските симболи и
  • пренатрупаните композиции.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Нури Абач.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.

Еразмус+ Новогодишно дрво

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец декември беше реализирана активноста: изработка на украси и украсување на Еразмус+ Новогодишно дрво.

Во активноста учествуваа ученици од II, III и IV. одд. За време на активноста учениците изработија преубави Новогодишни украси и лампиони со кои го украсија Новогодишното дрво. Истовремено беше реализирана и работилница со родители во која исто така се изработуваа украси. При изработката користеа разновидни материјали. Новогодишното дрвото ја краси аулата на нашето училиште.

Прва активност во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ – Честитки за Божиќ и Нова Година

Во периодот од 9-19.12.2016 година беше реализирана првата активност во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“, размена на рачно изработени честитки за Божиќ и Нова Година напишани на англиски и македонски помеѓу 2 партнер училишта (Македонија-Романија). Во активноста учествуваа 30 ученици од III-V одд.

Целта на активноста беше:

  • прослава на Божиќ и Нова Година
  • вежбање на англискиот јазик
  • интеракција помеѓу учениците

За време на неколку работилници учениците изработија свои честитки со кои им го честитаа Божиќ и Новата Година на своите нови другарчиња од Романија. Реализираните активности можете да ги погледнете на видеото подолу:

Исто така беше направено видео во кое учениците ги читаа своите изработени честитки на англиски и македонски. Изработеното видео заедно со честитките беше пратено до партнер-училиштето во Романија.

Добиените честитки од учениците од Романија.

Нашите честитки кои ги добија учениците во Романија.

Прв интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан првиот интернационален координативен состанок во периодот од 23-25.11.2016 година во Анкара, Турција. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенскиот наставник, Дарко Димковски, и секретарот на училиштето, Силвана Давчевска.

Цели на состанокот беа:

  • меѓусебно запознавање на партнер-училиштата;
  • разгледување на општите цели на проектот;
  • дискусија: Зошто Уметноста? – размена на искуства и добри пракси;
  • изработка на акциски план на планираните активности и состаноци во рамките на проектот;
  • распределба на одговорностите и планирање на активностите од првата година на проектот;
  • организација на активностите за дисиминација;
  • организација на активности за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • развивање на меѓукултуролошкиот дијалог помеѓу партнер-училиштата и подобрување на знаењата и сфаќањата за образовните системи во другите земји.

Меѓународен семинар во Сплит, Еразмус +

Во периодот од 09-11 Ноември 2016 год. во Сплит, Р. Хрватска се одржа Меѓународен контакт семинар со тема “Поврзување на јавните власти и образовните институции во Еразмус+”. На семинарот учествуваа 88 претставници од 21 држава од секторите за основно и средно образование, стручно образование, образование за возрасни и високо образование. Во рамките на семинарот се одржаа предавања и работилници за изработка на проект за Еразмус +, Клучната Акција 2. За време на овој семинар се разменија примери на добри практики и искуства кои вродија со идеи за нови проекти и партнерства помеѓу образовните институции од цела Европа. Милена Игњатова, претставникот од ООУ”Лазо Ангеловски”, заедно со партнерите од Унгарија и Хрватска изработија предлог проект за Еразмус +, КА2 во рамките на основното образование со цел зајакнување на професионалните компетенции.

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2: Соработка за иновација и размена на добри практики – КА219– Стратешки партнерства во училишно образование

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 31-ви март 2016 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА219 – македонски училишта како партнери во проекти со други земји. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од рангираните училишта со одобрен грант од 15.775 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк. Стратешки партнерства во полето на образование, обука и млади се проекти на соработка кои им овозможуваат на организациите да ги подобрат своите мерки, да разгледуваат прашања од заеднички интерес и да споделуваат иновативни практики.

Одобрениот проект „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future), ќе се рализира во периодот од септември 2016 до август 2018 година. Училиште-координатор на проектот е ODTÜ Geliştirme Vakfı Özel İlkokulu од Анкара, Турција, а партнер-училишта се: ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје; Scola Gimnaziala nr 4 Moreni, Романија; Nuova Direzione Didattica Vasto, Италија; GTVS Spielmanngasse, Австрија и Fondatsiya Alternativa Alfa i Omega – P.R. Slaveikov Secondary Private School, Бугарија.

Целите на проектот се:

  • Да се создадат НОВИ ПОДОБРЕНИ МЕТОДИ во учењето на уметноста и да се идентификуваат ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ со цел да се направи учењето да е долготрајно и полесно да се применува во секојдневниот живот.
  • Да се создаваат пријателства надвор од границите на државите.
  • Да се помогне во градењето на довербата, на начин што ќе им се овозможи на учениците од различни земји да се запознаат и да создадат меѓусебно разбирање, да работат заедно во рамките на заедниците и да создадат културолошка толеранција.
  • Како наставници, да се создадат можности за соработка на заедниците низ целиот свет, ширејќи го учеството во меѓукултуролошкиот дијалог, користејќи го интернетот за меѓусебна комуникација како граѓани на дигиталната ера и овозможувајќи поголем пристап до најразлични светски перспективи и мислења.
  • Да се поттикнат интересите на учениците за другите земји и култури.
  • Да се мотивираат учениците да учат странски јазици.
  • Да им се овозможи на наставниците да го подобрат своето знаење и сфаќање за образовните системи во другите земји.
  • Да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници.
  • Да се споделат информации за нашата земја, град (географска положба, популација, историја, споменици) како и за нашето училиште (ученици, наставници, организација и др.).
  • Со помош на ИКТ да се стекнува знаење и да се врши дисеминација.
  • Да се направи споредба на традицијата на сите партнери со секојдневниот модерен живот.
  • Да се даде поддршка на сите учесници во развојот на нивните социјални вештини со интерактивни активности.