Ученички тела

Училишна заедница

Училишната ученичка заедница е највисока форма на организирање и дејствување на учениците во училиштето. Ги опфаќа учениците од V-IX одд. Секоја паралелка делегира по двајца претставници во училишната заедница. Претставниците бираат свое раководство: претседател, заменик и записничар.

Својата работа училишната заедница ја остварува по однапред изготвена програма за работа.

Работата на училишната заедница ја помага директорот на училиштето, стручната служба и наставниците.

На состаноците се водат записници за заклучоците, предлозите и мислењата и претставниците се должни да ги информираат паралелките чии претставници се. Училишната заедница ја следи, насочува и координира работата на ученичката заедница.