Kлучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности – 2017/2018

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909Copy of logo-plus_0

Обука за Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ во периодот од 12-21.01.2018 година беше посетена обуката за Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби во Плимут, Велика Британија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Amber Initiatives, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Мирослава П.Аневска, Тања Крстевска, Кристина Башовска и Тања Јосимовска.

Цели на обуката беа:

  • подобрување на клучните компетенции и вештини поврзани со професионалниот профил на учесниците
  • запознавање со образовниот систем во Велика Британија и комплексниот систем за поддршка на децата со посебни образовни потреби
  • запознавање со поддршката која е на располагање на децата од имигрантски семејства
  • зголемување на опфатноста и меѓународната димензија на образовните институции
  • запознавање со различните стратегии и методи кои се употребуваат во училитата во Велика Британија за да се излезе во пресрет на учениците со посебни потреби
  • подобрување на аналитичките вештини
  • подобро запознавање со начините за работата и соработка со родителите
  • подобрување на креативноста и мотивацијата
  • унапредување на културолошката свест
  • подобрување на нивото на англискиот јазик.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисиминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.

Избрани наставници за предвидените обуки

По разгледување на поднесените Еуропас кратки биографии од страна на заинтересираните наставници, истите беа рангирани според дадените критериуми и од добиените резултати беа избрани наставниците кои ќе ги посетуваат двете обуки во рамките на КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици. Избраните наставници јавно беа известени на Наставничкиот совет одржан во месец јули 2017 година.

За обуката за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби во Англија избрани се следните наставници:

  • Мирослава П. Аневска
  • Тања Јосимовска
  • Кристина Башовска
  • Тања Крстевска

За обуката за ПБЛ (учење преку проектни активности) во Германија избрани се следните наставници:

  • Љубица Ружинска
  • Валентина Петрова
  • Милена Игњатова
  • Милка Тримчевска

Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници

На ден 13.06.2017 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознати со профилот на избраните обуки, начинот на вклучување на наставниците во обуките како и критериумите според кои ќе бидат избрани наставниците за посета на истите. Подетални информации се достапни во следната презентација:

 

Добиен уште еден грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 2-ри Февруари 2017 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето училиште повторно се најде на листата за училишно образование . Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Клучнa Акција КА101: Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест. Проектите за мобилност на наставниците овозможуваат можност за мобилност и меѓународна соработка со училишта од европските земји, а сето ова ќе придонесе за интернационализација на македонските образовни институции но и за зајакнување на нивниот личен и професионален развој и развивање на професионални вештини и компетенции.

Во рамките на новиот одобрен проект под наслов „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ нашето училиште, планирана е посета на два вида на обуки и тоа:

  • обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби и
  • обука за ПБЛ (учење преку проектни активности).