Учество на натпревари и освени награди 2017/2018

Регионален натпревар по музичко образование „Млади музичари и интерпретатори“

На ден 24.04.2018 година се одржа Регионалниот натпревар по музичко образование „Млади музичари и интерпретатори”, организиран од страна на Здружението на музички педагози на РМ. Учениците од нашето училиште ги освоија следните резултати:

I натпреварувачка дисциплина: хорови

I (прво) место

  • хорот при ООУ „Лазо Анегловски“ – ментор Тања Крстевска

I натпреварувачка дисциплина: оркести

II (второ) место

  • оркестарот при ООУ „Лазо Анегловски“ – ментор Наташа Димовска

Учениците од V-1 одд настапија како детски оркестар на ООУ ,,Лазо Ангеловски” под менторство на одделенскиот наставник Соња Геговска. Тие беа единствени на таа возраст и вон конкуренција. И покрај тоа што носеа голем товар свирејќи на настан со поголеми учесници, издржаа храбро. По едногласна одлука на жирито, учениците од детскиот хор на нашето училиште ќе добијат пофалници за учество на музичките смотри.

II натпреварувачка дисциплина: солисти и групи:

 I (прво) место:

  • Мила Цветковиќ VII-2 одд - ментор Наташа Димовска
  • Сара Бурнеска VII-2 одд - ментор Наташа Димовска
  • Јулија Ѓорѓиеска VII-1 одд - ментор Наташа Димовска

II (второ) место:

  • Анастасија Илиевска VII-5 одд - ментор Тања Крстевска
  • Мила Горгиевска IX-5 одд - ментор Тања Крстевска
  • Борјана Коцева VIII-2 одд - ментор Наташа Димовска

Регионален натпревар по македонски јазик

На ден 21.04.2018 година се одржа Регионален натпревар по македонски јазик. Ученичката Анастасија Краљевска од VIII-3 го освои третото место и продолжува на државен натпревар.

Регионален натпревар по англиски јазик

На ден 21.04.2018 година нашето училиште беше домаќин на регионалниот натпревар по англиски јазик организиран од страна на ЕЛТАМ – Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на РМ. На натпреварот учениците од нашето училиште ги освоија следните резултати:

V одделение

  • 3 место - Теона Тренеска, наставник-ментор Емица Здравев
  • 3 место - Сара Костова, наставник-ментор Емица Здравев

VII одделение

  • 3 место - Мартина Јаначковска, наставник-ментор Мирослава Павлова-Аневска

IX одделение

  • 4 место - Карина Митева, наставник-ментор Морфа Петровска

Учениците продолжуваат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 12.05.2018 година.

Државен натпревар по географија

На 20.05.2018 година во организација на Македонското Геодрафско Друштво се одржа Државен натпревар по географија. Натпреварот се одржа во просториите на Природно -математичкиот факултет- Скопје.

Нашите ученици ги освоија следните награди:

  • втора награда - Глигор Лиговски од IX-6 одд и
  • трета награда - Михаела Величковска од IX-4 одд.

Регионален натпревар по олимпијади по француски јазик

На ден 14.04.2018 година на регионалниот натпревар по олимпијади по француски јазик, ученичката Бојана Кариќ од IX-2 одд освои второ место.

Државен натпревар по информатика

На ден 24.03.2018 година Здружението на информатичари на Македонија  организираше државнен натпревар по информатика за учениците од основно образование. Целта на досегашните циклуси на натпревари беше да се заинтересираат колку што е можно поголем број на ученици за информатиката како наука. Започнувајќи од натпревари во апликативни вештини, овие натпревари полека прераснаа во натпревари во програмирање и алгоритамски вештини, што всушност ја претставува сржта на информатиката.

Нашите ученици кои се натпреваруваа во информатичко размислување, ги постигнаа следните одлични резултати:

  • Ана Радеска IV-2 одд. ТРЕТА награда
  • Марко Бишкоски V-3 одд. ВТОРА награда

На истиот ден се одржа и државен натпревар по информатика во областа на програмирање, каде се натпреваруваа ученици од основно и средно образование. Програмирањето се изведува во програмскиот јазик C++. Најдобрите учесници на државниот натпревар добиваат можност за учество на понатамошни натпревари од тип олимпијада, преку кои се избираат тимови за учество на интернационалните натпревари.

Нашата ученичка Кристина Тасева IX-1 одд. која се натпреваруваше во областа на програмирање, каде се натпреваруваа и  ученици од средно образование, постигна одличен резултат и освои ТРЕТА награда.

Ментори на учениците што учествуваа на натпреварите се Билјана Спасовска и Марија Матеева од одделенска настава и Марија Ѓорѓевиќ наставник по информатика.

Општински натпревар по англиски јазик

На ден 24.03.2018 година нашето училиште беше домаќин на општинскиот натпревар по англиски јазик организиран од страна на ЕЛТАМ – Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на РМ. На натпреварот учениците од нашето училиште ги освоија следните резултати:

V одделение

  • 1 место - Теона Тренеска, наставник-ментор Емица Здравев
  • 2 место - Сара Костова, наставник-ментор Емица Здравев

VI одделение

  • 3 место – Дејан Додевски, наставник-ментор Марина Николовска Ристова

VII одделение

  • 1 место - Мартина Јаначковска, наставник-ментор Мирослава Павлова-Аневска
  • 2 место - Дафне Атанасовска, наставник-ментор Мирослава Павлова-Аневска

VIII одделение

  • 2 место - Мила Стојановска, наставник-ментор Оливера Доновски

IX одделение

  • 2 место - Карина Митева, наставник-ментор Морфа Петровска

Учениците продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 21.04.2018 година.

Општински и регионален натпревар по географија

На општинскиот натпревар на 10.02.2018 година што се одржа во ООУ “Лазо Трповски”-Скопје. Михаела Величковска IX-4 освои второ место- 92 бода и Глигор Лиговски IX-6 втора награда- 88 бодови.

На 17.03.2018 година се одржа регионалниот натпревар по географија во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен”-Скопје. Нашите ученици постигнаа солидни резултати: Глигор Лиговски IX-6 прва награда- 92 бодови и Михаела Величковска IX-4 втора награда- 86 бодови.
Учениците продолжуваат на Државниот натпревар што ќе биде по еден месец.

Државен натпревар по француски јазик за писмен состав

На државниот натпревар по француски јазик за писмен состан ученичката Анастасија Краљевеска од VIII-3 одд. одвои второ место.

Натпревар за изработки од рециклирачки материјал под мотото „Децата и КХС во светот на екологијата“

ООУ„Лазо Ангеловски“ –Општина Аеродром, Скопје во соработка со ЈП Комунална Хигиена Скопје на 16.03.2018 година организираше училиштен натпревар за изработки од рециклирачки материјал на слободна тема под мотото „Децата и КХС во светот на екологијата“.

На натпреварот се избраа по три изработки во три категории односно: три први, втори и три трети места од едноставна причина што учениците заедно со нивните родители и наставници максимално се ангажирале и беа приложени вкупно 50 изработки.

Трите први места изработени од ученици од I-5, III-2, V-3  одделение продолжија на градски натревар кој се оддржа на 19.03.2018 година во Градскиот парк Скопје а во организација на ЈП Комунална Хигиена Скопје, министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје. Настанот е именуван како „Децата и КХС во светот на екологијата“ и воедно освоија прва награда.

Општински/регионален натпревар по информатика

На 11.03.2018 година нашето училиште учествуваше на општинскиот/регионалниот натпревар по информатика, организиран од Здружение на Информатичарите на Македонија – ЗИМ.

Нашите ученици кои се натпреваруваа во информатичко размислување, ги постигнаа следните одлични резултати:

  • Ана Радеска IV-2 ТРЕТА награда
  • Марко Бишкоски V-3 ВТОРА награда
  • Ивана Блажева VI-1 ПОФАЛБА за успешно учество
  • Марија Саралиевска VII-5 ПОФАЛБА за успешно учество

Нашата ученичка која се натпреваруваше во програмирање постигна високи резултати:

  • Кристина Тасева IX-1 ВТОРА награда

Учениците со освоена втора и трета награда продолжуваат на државен натпревар, кој ќе се одржи во периодот од 23-25.03.2018 во Скопје во просториите на ФИНКИ.

Регионален натпревар по физика

Регионалниот натпревар по физика се одржа на 10.03.2018 година на ПМФ во организација на ДФРМ.

Учество на државен натпревар и пофалница освоија Ивана Коцева VIII -2одд., Мила Пандилеска VIII-2одд., Мила Терзовска VIII-1одд., Бојана Кариќ IX-2одд. Григориј Ваљаков IX-1одд. освои второ место, Стефан Кузмановски IX-3 одд. освои трето место.

Општински натпревар по физика

На 3.02.2017 година во ООУ “Ѓорѓија Пулевски”се одржа општински натпревар по физика.

Учениците од нашето училиште според постигнатите резултати продолжуваат на регионален натпревар и тоа Григориј Ваљаков IX-1одд. , Бојана Кариќ IX-2 одд. Стефан Кузмановски, Симеон Чаушевски и Карина Митрева од IX-3 одд., Мила Терзовска VIII-1 одд., Ивана Коцева и Мила Пандилеска од VIII-2 одд. и Стојановска Тамара и Наумовска Бојана од VIII-4 одд.

Ментор: Жаклина Колевска, Проф по физика

Интернационален натпревар „Дабар“

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот.

Инаку, како идеја, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, натпреварот се одржа од 13 до 17 ноември 2017  повеќе основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој како и развојот на нашата држава.

Во овој интернационален натпревар учествуваше и ООУ,,Лазо Ангеловски“ – Скопје. Во натпреварот земаа учество наставниците – ментори: Марија Ѓорѓевиќ и Марија Матеева.

На натпреварот учествуваа 249 ученици  од IV, V, VI, VII и VIII. Сите учесници добија признанија за учество во натпреварот.

Учениците: Марија Митовска од VI одд. Андреј Дончевски, Филип Петрески и Мариела Стефановска од VII  одд. со освоени 80 поени.

Учениците: Теона Николова, Ана Гривчевска, Марко Бишкоски и Даријан Атанасовски од V одд. Леонард Немет, Мирослав Гигевски и Ева Никикијевик од VI одд. Марија Саралиевска, Габриела Смиленовска, Милијана Стојановиќ и Стефан Шушкало од VII одд. Петар Мишоков од VIII одд. со освоени 70 поени.

Државен натпревар по спелување по француски јазик

На државниот натпревар во спелување кој се одржа на 2.12.2017 година на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” – Скопје, ученичката Сара Бурнеска од VII-2 од вкупно 50 кандидати освои ТРЕТО место . Честитки и до ученикот Марко Цветанов од VII-3 кој покажа солидно знаење по француската писменост.

Регионален натпревар по спелување по француски јазик

На ден 17.11.2017 година се одржа регионалниот натпревар по спелување по француски јазик. Сара Бурнеска VII-2 одд. освои 2 место, а Марко Цветанов VII-3 одд. освои 5 место. Двајцата ученици се пласираа за учество на државниот натпревар кој ќе се одржи во декември 2017 година.

Прва државна награда на конкурс „Творење и креирање на творби од отпад од пакување“

Во конуренција на многу училишта од земјава со учениците од IV-4 одд. учествуваа на конкурсот „Творење и креирање на творби од отпад од пакување“ организиран од ЕУРО-ЕКОПАК, Министерство за животна средина и Детски ликовен центар и освоија четири први награди како и дипломи за учество. Наставник-ментор Светлана Јосифоска.

Училишен натпревар по спелување по француски јазик

На ден 8.11.2017 година се одржа училишниот натпревар по спелување по француски јазик. Марко Цветанов VII-3 одд. освои 1 место, Петра Кантурска VII-3 одд. освои 2 место и Сара Бурнеска VII-2 одд. освои 3 место.

33 општински натпревар по ПП Заштита 

На ден 31.10.2017 година во ООУ „Љубен Лапе“, Скопје, се одржа 33 општински наппревар по ПП Заштита. Екипата што го освои 3 место во општина Аеродром ја сочинуваа Мила Спасовска VIII-1 одд. , Грегориј Ваљаков IX-1 одд. и Филип Нешковски IX-5 одд. заедно со менторот наставнк Жаклина Колевска.

23361246_10156070173159928_359311334_n 23361150_10156070173109928_71418597_n

Седми фестивал на фигури од овошје и зеленчук “Сочни фигури” 

На ден 28.10.2017 година се одржа седмиот фестивал на фигури од овошје и зеленчук “Сочни фигури” во рамките на проектот “Здрави навики за здрава храна” . На фестувалот учествуваа учениците од V одделение од нашето училиште и освоија I место.

Натпревар на дигитални училишта

На завршната конференција на DISCO проектот во Хуелва, Шпанија која се одржа на 9-10.10.2017 година беа доделени плакатите и сертификатите на победниците од Натпреварот за Дигитално Училиште од сите држави партнери во проектот: Македонија, Шпанија, Португалија и Турција.

Нашето училиште како победник на натпреварот од Македонија беше претставувано од страна на координаторот на Еразмус+ проекти, Љубица Ружинска.