еТвининг 2017/2018

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909logo

awarded-etwinning-school-label

Наградата еТвининг училиште

На ден 10.04.2018 година нашето училиште се здоби со наградата еТвининг училиште  2018-2019 која за прв пат се доделува оваа година од страна на Европската Комисија.

На европско ниво 1211 училишта од 42 европски држави ја добија оваа награда, а од Република Македонија на листата се наоѓаат 6 училишта. Целосната листа на наградени училишта можете да ја погледнете тука.  Наградените училишта се препознаени како лидери во области како:

  • дигитална пракса
  • пракса за е-безбедност
  • користење на иновативни и креативни приоди во педагогијата
  • промоција на континуиран професионален развој на вработените
  • промоција на практики на колаборативно учење на наставниците и учениците

Наградените училишта ќе:

  • имаат висока видливост на Европско ниво
  • ќе формираат Европска мрежа на еТвининг училишта водачи да го инспирираат понатамошниот развој на еТвининг
  • ќе можат да го покажуваат Знакот за еТвининг училиште во сите промотивни и информативни материјали
  • наградените наставници и директорите ќе бидат поканети да се вклучат во програми за професионаен развој.

еТвининг работилница

На 17.02.2018 година беше одржана еТвининг работилница во ООУ “Лазо Ангеловски”, Скопје на кој присуствуваа 20 наставници од ООУ „Аврам Писевски“, с.Бардовци Скопје и СОУ „Моша Пијаде“, Тетово. Работилницата беше водена од страна на трите еТвининг амбасадори од ООУ „Лазо Ангеловски“, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и Валентина Петрова.

На работилницата новите членови на еТвининг од двете училишта се запознаа со еТвининг платформата и можностите која таа ги нуди за наставниците и учениците.

Валоризационата конференција

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Валоризационата конференција одржана во Скопје на 18.12.2017 година како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

На оваа конференција свое учество земаа Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и Гоце Величковски и Дејан Златковски, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Директорката Димова истакна дека најдобар показател на успешното усогласување со националните приоритети се успешните проекти кои на денешната конференција беа претставени. Во годините што се пред нас, Националната агенција ќе продолжи да биде столбот на имплементацијата на Еразмус+ програмата и ќе ги поддржува сите сегменти на образованието, обуката, младите и спортот во нивните напори за што порамноправно учество во европските текови. Во соработка со Министерството за образование и наука ќе се дефинираат приоритетните области на поддршка секоја година, со што ќе се придонесе зa оптимално користење на средствата од Европската Унија за поддршка на меѓународната соработка-истакнаа од Националната агенција.

На конференцијата од нашето училиште учествуваа еТвининг амбасадорот, Валентина Петрова, и двајца еТвинери од училиштето, Гордана Камческа и Магдалена Петреска.