Кодекс за однесување на учениците за време на екскурзии

  1. Навремено доаѓање на закажаното место за тргнување.
  2. Културно и пристојно однесување за време на патувањето во автобусот (остатоците и кесите од храна да се фрлаат на определеното место за отпад, да не се пеат  песни со навредливи содржини по основa на верска или национална припадност).
  3. За време на посетите на знаменитостите да се почитува редот, а дисциплината да е на највисоко ниво.
  4. При разгледувањето и прошетките на градовите да нама одвојување од групата.
  5. При сместувањето во хотелските капацитети да се негува другарството, и да се почитуваат редот и мирот на другите гости во хотелот.
  6. За време на престојот во хотелот треба да се чува инвентарот (секоја ненамено или намерно направена штета се наплатува од сторителот).
  7. Да се почитува планот на предвидените дневни активности, а по нивното завршување, да се почитува времето за одмор (одморот започнува најдоцна од 24 часот).
  8. За време на екскурзијата се забранува пушење цигари, внесување алкохолни пијалоци и др. опијати.