еТвининг 2018/2019

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909           logoawarded-etwinning-school-label

Патување низ галаксијата на еТвининг

FB_IMG_1557406968272

На 09.05.2019 година се одбележа Меѓународниот ден на еТвинингДенот на Европа и крајот на Пролетната кампања: Демокрарско учеството. Учениците од III-1 и I-1 одд. со одделенските наставници Магдалена Петреска и Гордана, истражуваа, размислуваа и цртаа на која од понудените планети од галаксијата на еТвининг (Планета на човековите права, Планета на законите, Планета на животната средина, Планета на медиуми и Планета на историјата ) би живееле и зошто.

еТвининг проект „Младите и медиумите“

еТвининг проектот „Младите и медиумите“ (Young and media) е инетернационален еТвининг проект помеѓу 5 партнер-училишта: нашето училишете од Македонија и училишта од Хрватска, Србија, Романија и Шпанија. Целта на проектот е истражување на навиките за употреба на медиумите кај учениците од 5 училишта инволвирани во проектот кое ќе претставува основа за нов Еразмус+ КА229 проект следната година. Во фокусот на истражувањето е испитување на навиките на учениците за употребата на медиумите. Проектот беше реализиран во периодот од декември 2018 до февруари 2019 година.

Screenshot_2019-01-02 Twinspace

За таа цел во месец декември 2018 година беа спроведени Анкети за: учениците од 5 и 6 одд и учениците од 8 и 9 одд. Во прилог се линковите од резултатите од спроведените анкети:

Во понатамошниот тек на проектот учениците од 5 училишта презентираат списанија за деца и тинејџери од своите земји, и направија презентации за нивните идоли од медиумите.

TwinSpace на проектот можете да го погледнете тука.

Сите активности во рамките на проектот преставуваат еден вид на истражување и основа за започнување на нов КА229 проект, кој доколку е одобрен ќе се проведува од 09.2019-08.2021.

Меѓудругото, еТвининг проектот во месец март 2019  се здоби со Национална ознака за квалитет.

b5ccfb0d b6dc3ccdreceived_778853529156739

Работилница “Кодирање без компјутер”

На 17.01. 2019 година во ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром, се одржа работилница за „Кодирање без компјутер“ како еТвининг настан во рамките на европската недела на кодирање (Europe CodeWeek). Низ интересни игри наставниците што во III, IV и V одделение го предаваат предметот ‘Работа со компјутер и основи на програмирање’ развиваа вештини и идеи за полесно да им го објаснат материјалот на своите ученици.

еТвининг работилница

На 15.01.2019 година се одржа еТвининг работилница на која присуствуваа 30 наставници од ООУ “Лазо Ангеловски”, Скопје. За време на работилница наставниците имаа можност практично да се запознаат со еТвининг платформа, да креираат свои профили, да ги истражува можностите кои ги нуди платформа (приклучување во еТвининг групи, разгледување на партнерските форуми, можноста за професионален развој преку Learning event и eTwinning seminars, начините за пронаоѓање на парнери за приклучување и започнување на проекти) како и приклучување во модел еТвинининг проект со цел практично да го разгледаат новиот TwinSpace.

Годишна конференција  „Институција… Како тоа гордо звучи!“

На ден 17.12.2018 година во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа годишната конференција под наслов  „Институција… Како тоа гордо звучи!“ организирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата од нашето училиште присуствуваа Љубица Ружинска, координатор на Еразмус+ проектите и Александра Батичќ, социјален работник.