Меѓуетничка интеграција во образованието

МИМО-заедничка работилница на тема “Обичаи и традиција поврзани со празникот Велигден”

На 25.04.2019 година се одржа МИМО-заедничка работилница со партнер училиштето ОУ”Алија Авдовиќ”.  Учество земаа учениците од III-1 одделение со наставничките Магдалена Петреска и Ирена Ангелкоска Панова и ученици од III одделение од партнер училиштето со нивната наставничка и психологот.

Темата на заедничката работилница беше “Обичаи и традиција поврзани со празникот Велигден”. При тоа учениците покрај што се запознаа со тоа каков празник е Велигден и зошто се празнува, изработуваа велигденски украси, се дружеа и соработуваа.

Изработка на  новогодишни честитки  во рамките на МИМО

На ден 19.12.2018 година во ООУ „Лазо Ангеловски“ во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието се реализира работилница за изработка на новогодишни честитки. Учениците од четврто и петто одделение од двете партнер училишта ООУ „Лазо Ангеловски“ и ООУ „Алија Авдовиќ“ заеднички преку воннаставни активности другаруваа и учеа за прославувањето на новогодишните празници кај двете етнички заедници (македонската и албанската).
На почетокот на работилницата учесниците од двете страни научија како се посакува „Добредојде“ на двата јазика, како и зборови поврзани со пријателството (љубов, мир, слобода, другар, дете, честитка, празник, зима и сл.)
Учениците од нашето училиште на кратко ги запознаа гостите со животот и работата на нашето училиште. Беа презентирани македонските традиционални обичаи за време на празниците Божиќ и Бадник. Гостите беа послужени со божиќен чај и божиќни колачиња.
Учениците во „мешани“ групи изработуваа честитки за Нова година. При тоа меѓусебно соработуваа и беа поттикнувани,охрабрувани од страната на наставниците од двете училишта.
Активностите придонесоа за позитивна атмосфера, опкружување, унапредување на меѓуетничкото интегрирано образование кај младите.