Еразмус+ КА105 проект „Да го зачуваме минатото за идните генерации“

Еразмус+ КА105 проект

„Да го зачуваме минатото за идните генерации“

logo

Младинска размена 

Во рамките на Еразмус+ КА105 проектот „Да го зачуваме минатото за идните генерации“ (Preserving the past for the future) одобрен од страна на Хрватската Национална агенција за мобилност и програми од ЕУ, во периодот од 19-30 август 2019 година се реализираше младинска размена во Вуковар, Хрватска. На младинската размена учествуваа 44 учесници од Хрватска, Македонија, Естонија и Турција на возраст од 13-15 години под раководство на 2 лидери (наставници) од секоја држава. За време на проектот, младите научија за локалното културно наследство за различни делови од Европа и како истото да го зачуваат за идните генерации.

Цели

Младите се по природа љупобитни за светот околу нив, но многу од нив немаат можности активно да ги истражуваат другите култури и држави. Патувањето е моќно оружје кое може да се искористи за борба против дискриминацијата и социјалната инклузија, што всушност е и крајната цел на оваа младинска размена. Истовремено денес, во модерниот свет културниот диверзитет изумира. За време на овој проект се комбинираа зачувувањето на локалната традиција со модерните технологии (видео и фотографија), со цел младите да можат да видат дека модерните трендови и традицијата можат да коекзистираат.

  • да се зголеми способноста на учесниците да комуницираат со други личности преку интеркултурно разбирање, толеранција, прифаќање и инклузија.

Младите на возраст од 13-15 години се многу сензитивни бидејќи ова е периодот кога се развиваат вредностите кои понатаму ќе ги користат во животот. Истовремено, предрасудите и стереотипите се широко распространети меѓу младите кои вообичаето се темелат на незнаењето и недостатокот на искуство. Преку овој проект младите можеа да се запознаат со други врсници од други држави, да научат за другите култури и да можат да видат директно колку возбудлив и обогатувачки може да биде културниот, религиозниот и етничкиот диверзитет преку учење на различни вештини за другите култури – нивните традиционални рачни изработки, песни и игри. Тие имаа можност да ги споредат овие култури и да ги најдат сличностите кои ги поврзуваат. Преку анализирање на овие сличности можеа да размислуваат за заедничкото европско културно наследство. Преку ова тие видоа дека иако луѓето од различни држави и култури можеби изгледаат различно, всушност постојат многу сличности кои ги поврзуваат. Научија да ги користат овие сличности за да започнат разговор и да изградат пријателства со врсници од различни држави. Со ова се креираа вредности со кои учесниците ќе борат против ксенофобијата, расизмот, национализмот и релиогиозниот ектримизам и други видови на социјалното исклучување.

Иако младите се љубопитни по природа, тие се доста страмежливи. Преку оваа младинска размена тие можеа да излезат од својата сигурносна зона и да развијат самодоверба, упорност и храброст да се дружат со млади од други држави на иста возраст кои не зборуваат на ист јазик.

  • да развијат почитување за сопственото локално културно наследство

Младите развија самосвест за нивниот идентитет преку можноста да ја опишат својата култура и животен стил. Научаја традиционални танцови, рачни изработки и игри од својата земја и од другите земји учесници во проектот. Можеа да сфатат дека овие вештини се вредни да бидат зачувани и развија позитивен однос кон организациите кои ги промовираат и зачувуваат локалните традиции. Истовремено, научија како да го употребуваат филмот (видеото) и фотографиијата за подигнување на свеста за локалното културно наследство.

  • зацврстување на не-формалното образование и подобрување на интернационалните мрежи помеѓу партнерските организации учесници во проектот

Активности за време на младинската размена

Ден 1: Официјално отворање на младинската размена, Игри за запознавање, Активности за градење и зајакнување на групите (градење на мостови)

Ден 2: Работилница – формално/не формално образование, Работилница за Youthpass (стекнување на компетенции за време на размената), активност: Трка низ Вуковар (запознавање на градот), Културна вечер преставување на Хрватска и Турција

Ден 3: Работилница: традицонални ора од Естонија, Работилница: традиционални изработки од Македонија, Работилница: традиционални игри, Културна вечер преставување на Македонија и Естонија

Ден 4: Работилница: традицонални ора од Хрватска, Работилница: традиционални изработки од Естонија, Посета на културна манифестација во Вуковар

Ден 5: Работилница: традицонални ора од Турција, Работилница: традиционални изработки од Хрватска, слободно попладне (дружба на базен)

Ден 6: Работилница: традицонални ора од Македонија, Работилница: традиционални изработки од Турција, Работилница: правење на маски

Ден 7: Работилница: Пеење и слушање на традицонални песни од сите 4 држави и нивна изведба, Работилница: преставување на прослава на традиционални празници од сите 4 држави

Ден 8: Отворена работилница: доработка на традиционалните изработки од претходните работилници, Рефлескија преку театар, Фудбалски натпревар меѓу 4 држави и спортски игри

Ден 9: Изработка на дигитални продукти од проектот (презентации, слики, видеа)

Ka105-Preserving-the-past-for-the-future (2)

IMG_20190829_115609

Ден 10: Финална евалуација, пополнување на Youthpass  (стекнати компетенции за време на размената), Активности за збогување

Дисеминација на активностите во училиште

Во периодот од 10-19.09.2019 година учениците од VIII и IX одделение кои учествуваа во младинската размена во рамките на Еразмус+ КА105 проект „Да го зачуваме минатото за идните генерации“, која се одржа во Вуковар, Хрватска од 19-30.08.2019 година, ги презентираа активностите од рамената пред своите со-ученици од  VIII и IX одделени, со цел да го пренесат своето искуство до размената како и ново стекнатите знаења и развиените компетенции.

Исто така тие направија плакат на кој преку слики и краток опис ги прикажаа активностите и атмосферата за време на размената. Плакатот е поставен во аулата на училиштето.

 2324

На 20.09.2019 година учениците направија и презентација пред раководната служба од училиштето и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти.