Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ 2019-2021

Еразмус+ КА229 проект

„Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

(Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow) 

2019-2021

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909 Copy of logo-plus_0

Посетете ја веб страната на проектот на следниот линк

MK logo 1

Лого на проектот 

Е-книга и материјали за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“ 

Еразмус+ тимовите од 5 парнер-училишта (Хрватска, Северна Македонија, Србија, Романија и Шпанија) вклучени во нашиот КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓни утре“ за време на летниот распуст подготвија е-книга која содржи материјалите за 15 работилници за „Медиумска писменост и дигитално граѓанство“. Цел на работилниците во оваа е-книга е да се влијае врз развивање на критички однос кон медиумите и развивање на компетенции во полето на дигиталното граѓанство.

Е-книгата е достапна на следниот линк

2020-09-19-20-36-shared.kotobee.com

Поголемиот дел од работилниците во оваа е-книга се наменети за наставниците кои сакаат кај своите ученици да ја развијат дигиталната писменост и да ги поттикнат учениците за одговорно дигитално граѓанство. Но, како што се договоривме во рамките на нашето партнерство за време на проектот, некои од работилниците сакаме да ги насочиме и кон родителите. Па затоа подготвиме и две работилници за родители. Специфично за сите работилници во оваа е-книга е тоа што не бара од наставниците никаква дополнителна подготовка. Секоја работилница освен презентација за реализација на работилницата содржи и прецизно дефинирани задачи. Работилниците можат да се реализираат во времетраење од 40 минути, односно прилагодени се за реализација на еден училишен час. Поголемиот дел од работилниците се наменети за ученицие од предметна настава, а две работилници се наменети за учениците од одделенска настава.

Освен во нашата е-книга, работилниците и потребните материјали за реализиација на истите достапни во PDF формат на веб страната на проектот во рубриката Workshops in Macedonian. Следните работилници се вклучени во нашата е-книга:

Хрватска

Република Северна Македонија

Романија

Србија

Шпанија

Втора онлајн видео конференција на координатори

На 15 септември 2020 година се одржа втората онлајн видео конференција преку Microsoft Teams на која учествуваат координаторите од партнер-училиштата од нашиот Еразмус+ КА2 проект. За време на состанокот беа дискутирани моменталните ситуации во партнер-училиштата предизвикани од Ковид-19 пандемијата и начините на кои училиштата ќе продолжат со наставата во учебната 2020-21 година. Беа донесени одлуки да се продолжи со планираните активности во рамките на проектот, модифицирани според моменталните епидемиолошки сосотојби во државите, односно можност за реализација на дел од активностите онлајн таму каде што ситуацијата не го дозволува истите да бидат спроведени со физичко присусуво во училиште. Координаторите одлучија дека на пролет 2021 година ќе биде побарано продолжување на нашиот Еразмус+ КА2 проект за дополнителни 12 месеци со цел да се реализираат дел од планираните активности кои нема да се реализираат поради Ковид-19 пандемијата: поточно мобилностите на ученици, дебатите преку округли маси и останатите активности кои неможат да се модифицираат за реализиација онлајн. За време на онлајн состанокот исто така беше дискутирано за следниот еТвининг проект кој ќе треба да се реализира во втората половина од проектот.

video-5-la

Четири Национални ознаки за квалитет за нашиот еТвининг проект 

Нашиот еТвининг проект кој се спроведува во рамките на нашиот Еразмус+ КА2 проект на 13.07.2020 година доби Национална ознака за квалитет од страна на Македонската Националната агенција. Досега еТвининг проектот исто кака доби Национални ознаки за квалитет од страна на Националните агенции од Хрватска, Србија и Шпанија, со што овој проект се квалификува за добивање на Европска ознака за квалитет, кои дополнително ќе бидат објавени во периодот од октомври-декември 2020 година.

eTwinning-YJ NQL

Онлајн видео конференција на координатори

На 17 јуни 2020 година беше одржана онлајн видео конференција со координаторите на нашиот Еразмус+ КА2 проект. За време на онлајн конференацијата беа дискутирани досегашните реализирани активности за време на првата половина од проектот и беше разговарано за следните активности (работилници, дебати за округла маса, натписи во е-весниците, евалуација на првата половина на проектот). Следната онлајн видео конференција е планирана да се оджи во септември 2020 година со цел прецизно планирање на следните активности.

video-cnof-et-la video-conf-2-la

Објави во е-весникот – мај/јуни 2020 година

Во месец мај/јуни 2020 година објавени се 8 натписи во е-весникот и 14 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива мај-јуни 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Избор на најдобрите натписи во рамките на еТвининг проектот 

Во проектот учествуваа 10 училишта од 9 држави

Основната идеа на нашиот Еразмус+ проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ е развивањето на медиумската писменост и свеста кај учениците преку пишување и читање на натписи од нивните со-ученици од различни држави. За проширување на оваа идеа во поголем обем, односно опфаќање на повеќе држави во активностите беше започнат нашиот еТвининг проект под истото име. Оваа учебна година во еТвининг проектот, покрај 5 партнер-училишта од 5 земји во проектот, се вклучија и две училишта од Турција и по едно училиште од Италија, Кипар и Ирска. 

Како дел од овој еТвининг проект, од јануари до април 2020 година, училиштата разменуваа по 2 натписа напишани од нивните ученици месечно. Во своите натписи учениците пишуваа на различни теми и за различни проблеми од нивното секојдневие, како и на теми поврзани со лажни вести, скриеното рекламирање, цивилниот активизам, развивање на дигиталната писменост и сл. 

Во месец мај, секое училиште даде предлог за своите два најдобри натписи и беше составена листа на натписи за кои три ученици од секое партнер-училиште гласаа, за да се избере најдобриот натпис. Гласањето на учениците можете да го подледнете на следниот линк.  Според бројот на гласови, учениците го избраа текстот на тема „Што се случува одколу нас“, напишан од учениците Sara Filippini и Giacomo Bonora од италијанското училиште “Mr. Bertolotti “. 

Истовремено, во рамките на еТвининг проектот е објавена и дигитална книга која ги содржи најдобрите натписи од проектот и истата е достапна на следниот линк.

Naslovnica-za-eT-knjigu-140520

Објави во е-весникот – април 2020 година

Во месец април 2020 година објавени се 10 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива април 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Објави во е-весникот – март 2020 година

Во месец март 2020 година објавени се 12 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива март 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Објави во е-весникот – јан/фев 2020 година

Во месеците јан/феб 2020 година објавени се 12 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива јан/фев 2020 во нашиот е-весник Л.А. ИН-форматор.

Победници на интернационалниот натпревар за дигитален постер за побезбеден интернет

Во периодот од  9-11.02.2020 година се организираше интернационалниот натпревар за избор на дигитален постер за побезбеден интернет во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“  на кој од сите 5 држави учествуваа 15 постери (трите најдобри од секое училиште-партнер).

Според онлајн гласовите на комисијата составена од 2 наставници од секое училиште, избрани се најдобрите 3 постери. Постерот со најголем број на гласови е од нашето училиште, односно победник е постерот на Марко Секуловски од VIII-3 одд. На второ место е постерот од ученик од училиштето од Романија, а на трето место е постерот од ученик од Шпанија.

На линкот можете да ги погледнете сите 15 постери кои учествуваа во интернационалниот натпревар:

https://youngjournalists.home.blog/2020/02/09/contest-for-digital-posters-safer-internet-day/

а следниот линк и трите победнички постери:

https://youngjournalists.home.blog/2020/02/14/the-best-is-poster-number-8-of-a-student-from-nort-macedonia/

Победници на училишниот конкурс за дигитален постер за побезбеден интернет

Според онлајн гласањето за избор на дигитален постер за побезбеден интернет кое беше спорведено од 3-7.02.2020 година3 ПОСТЕРИ кои добија најголем број на гласови од учениците од нашето училиште се:

DB VII-6

Постер избработен од Давид Боримечковски  VII-6 одд.

 MS VIII-3

Постер избработен од Марко Секуловски од VIII-3 одд.

 MP V4

Постер избработен од Марко Панчевски V-4 одд.

 

Резултатите од онлајн гласањето можете да ги погледнете на следниот линк.

3 постери ќе продолжат на интернационалниот конкурс во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ каде што од сите 5 држави од пристигнатите 15 постери ќе се изберат најдобрите три.

Онлајн гласање за избор на дигитален постер за побезбеден интернет

Февруари е месец на безбедност на интернет. Денот за побезбеден интернет промовира одговорно, критично и креативно користење на дигиталната технологија, посебно меѓу децата и младите преку повик за создавање подобар и побезбеден интернет.

По тој повод, во рамките на ЕРАЗМУС+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ беше распишан училиштен конкурс за учениците од V до IX одделение за изработка на дигитален постер за Побезбеден интернет.

Сега, ВИЕ УЧЕНИЦИТЕ, преку онлајн гласање ќе ги изберете 3 ПОСТЕРИ, кои понатаму ќе продолжат на интернационалниот конкурс во рамките на проектот.

ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕТО ЌЕ ТРАЕ од 3-7.02.2020 год. до 12 часот. МОЖЕТЕ ДА ГЛАСАТЕ САМО ЗА 1 ПОСТЕР КОЈ НАЈВЕЌЕ ВИ СЕ ДОПАЃА.

При гласањето земете ги во предвид следните карактеристики:
1. СОДРЖИНА:

  • Јасна цел на постерот
  • Организираност на содржината и пораката
  • Должина и прецизност

2. ДИЗАЈН И ИЗГЛЕД:

  • Наслов и букви
  • Должина на текстот
  • Маргини и бел простор
  • Бои

3. СЛИКОВИТОСТ:

  • Фотографии
  • Дијаграми и графикони

ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕТО Е ДОСТАПНО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://forms.gle/98YgJwiy68fHmQVo6

Училишен конкурс за дигитален постер по повод Денот за побезбеден интернет 

Konkurs-digitalen poster Safer internet day

Нашот проект на еТвининг

Со цел да подобро да се дисеминираат активностите и резултате од нашиот КА229, истиот е поставен и на еТвининг платформата. Партнери во еТвининг проектот, освен 5 партнери од КА229 проектот (училиштата од Македонија, Хрватска, Србија, Романија и Шпанија) се и училишта од Турција, Италија и Кипар.

Во рамките на овој еТвининг проект, сите партнери споделуваат по 2 натписи од нивните училишни весници (дигитални или печатени) секој месец. Целта на активностите е учениците да го развијат критичкото размислување преку пишување на новинарски текстови; да можат да ги почитуваат, заштитат и применат детските права во дигитална средина;  да се поттикнат и да се развијат интеркултурните компетенции кај учениците со тоа што тие ќе бидат без предрасуди, ќе ја развијат емпатијата и ќе бидат поотворени кон различните култури, учејќи меѓусебно едни за други преку различните новинарски натписи од различни држави и да ги развијат своите ИКТ вештини користејќи различни дигитални алатки.

На крајот на проектот ќе бидат избрани најдобрите натписи кои ќе бидат објавени во е-книга како краен резултат на проектот.

еТвининг проектот е достапен на следниот линк: https://twinspace.etwinning.net/100169/home

2020-01-26-22-27-twinspace.etwinning.net

Објави во е-весникот – декември 2019 година

Во месец декември 2019 година објавени се 14 натписи во е-весникот и 8 во рубриката – Гостин уредник во која се објавуваат преводи на 2 натписа објавени во дигиталните весници на сите четири партнер-училишта. Сите натписи се достапни во делот Архива декември 2019 на е-весникот Л.А. ИН-форматор.

Нашиот училишен дигитален весник

На 10.12.2019 година официјално беше пуштен онлајн нашиот училишен дигитален весник.

963834253

www.in-formator.weebly.com

За време на месец ноември 2019 година , членовите на Медиумската секција активно работеа на подготовка на на весникот: пишување на статии и натписи, дигитална подготовка на онлајн платформата, изработка на постери за промоција на весникот и сл.

poster 1

Добиени материјали и прирачници за Медиумската сецкција

На 06.12.2019 година Медиумската секција доби материјали и прирачници за развивање на медиумската писменост. Патекот со различните материјали беше даден од страна на д-р Жанета Трајковска, директор на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Материјалите од пакетот ќе помогнат за развојот на членовите на секцијата во нивниот пат како идни новинари.

79380997_2613524898965889_8248266249931325440_n

Избор на име на училишен дигитале весник и главен уредник

Во периодот од 7-11.11.2019 година членовите на Медиумската секција даваа свои предлози и гласаа за името на училишниот дигитален весник. Прелозите и гласањето беше спроведено со помош на онлајн апликацијата Tricider, а резултатите се достапни на следниот линк. Најголем број на гласови доби предлогот: Л.А. ИН-форматор. 

Исто така во периодот од 13-20.11.2019 година членовите на Медиумската секција даваа свои предлози и бираа ученик кој ќе биде главниот уредник на весникот. Најголем број на гласови доби ученикот Горјан Азманов од VII-1 одд. Предлозите и гласањето беше спроведено онлајн со помош на Google Doc документ, истиот е достапен на следниот линк.

Дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

На 07.11.2019 година за време на Наставничкиот совет се одржа дисеминација на активностите од првата мобилност на наставници во рамките на КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ која се реализираше во периодот од 21-25.10.2019 година во Загреб, Хрватска.

Наставниците кои учествуваа на мобилноста, Љубица Ружинска, Валентина Петрова и Марјан Куцулоски, ги преставија активностите за време на мобилноста на останатите колеги од нашето училиште. Презентацијата можете да ја погледнете подолу

Европска ознака за квалитет за еТвининг проектот „Младите и медиумите“

еТвининг проектот „Младите и медиумите“ (Young and media) кој се реализираше во периодот од декември 2018 до февруари 2019 година, се здоби со Европска ознака за квалитет. Ова значи дека работата на наставничките, нивните ученици и училиштето во кое што работат, е препознаена и наградена со највисоко европско ниво. еТвининг прокетот во март 2019 година се здоби и со Национална ознака за квалитет. 

TwinSpace на проектот можете да го погледнете тука.

etw_europeanqualitylabel_144935_en

etw_europeanqualitylabel_144946_en

etw_europeanqualitylabel_145147_en

Сите активности во рамките на проектот преставуваа еден вид на истражување и основа за започнување на Еразмус+ КА229 проектот “Младите новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow)  кој моментално се реализира во нашето училиште.

Прва мобилност на наставници во рамките на Ерасмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow) беше одржана прва мобилност на наставници во периодот од 21-25.10.2019 година во Загреб, Хрватска. На мобилноста присуствуваат членови од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Шпанија, Србија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, директорот, Перо Арсеновски, наставник по македонски јазик, Валентина Патрова и наставникот по физичко образование Марјан Куцулоски.

Главните цели на моблиноста беа:

  • воспоставување на заеднички концепт на дигиталните училишни весници;
  • планирање на темите за работилниците за медиумска и дигитална писменост;
  • развивање на комптенциите на учесниците за публикација и едитирање на дигитални училишни весници.

За време на посетата на училиштето-координатор на проектот ОШ „Свети Петар“, с.Ореховац беше претставен нивниот училишен дигитален весник Klinček www.klincek.com кој постои од 2013 година и во него се објавени 740 натписи. При презентација беа претставени неколку статии од весникот кои успеале да побудат позитивни реакции во јавноста.

За време на останатите денови од мобилноста, наставниците присуствуваа на неколку презентации и тоа: „Заштита на детските права во медиумите“ во канцеларијата на Детскиот Народен правобранител, предавање и квиз за познатата новинарка и писател Марија Јурич Загорка организарано од страна на Центарот за женски науки, „Медиумска писменост“ – презентер Ана Доклер, едитор на порталот www.medijskapismenost.hr, презентација на детско списание Модра Ласта – презентер новинар Саша Драч, презентација на порталот www.srednja.hr/ - презентер уредник Марко Матијевич, и земаа учество во неколку работилници и тоа: „Новинарски форми“ – презентери Тена Перишин и Игор Веидлич од Факултетот за политички науки и „Како да се подготви квалитетна работилница“, презентер Домагој Мориќ.

Освен презентациите и работилниците поврзани со цели на проектот, беа одржани и состаноци на кои се координираа идните активности на проектот.

За време на мобилноста се обрна внимание и на културната компонента преку учество во неколку активности: дигитална тура низ Загреб, посета на Крижевци, посета на Музејот за наивна уметност и Хрватскиот училишен музеј како и посета на Националниот парк Плитвички езера.

Активности од 1 ден на мобилноста: посета на училиштето-координатор „Свети Петар“ Ореховец и презентација на училишниот дигитален весник Klinček, посета на Крижевци

Активности од 2 ден на мобилноста: презентација „Заштита на детските права во медиумите“ (канцеларија на Детскиот Народен правобранител), дигитална тура на Загреб, посета на Музејот на наивна уметност, предавање и квиз за познатата новинарка и писател Марија Јурич Загорка (организарано од страна на Центарот за женски науки, Загреб)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Активности од 3 ден на мобилноста: презентација „Медиумска писменост“ (презентер Ана Доклер), посета на Хрватскиот училишен музеј, презентација на детско списание „Модра Ласта“ (презентер Саша Драч)

Активности од 4 ден на мобилноста: работилница „Новинарски форми“ (презентери Тена Перишин и Игор Веидлич од Факултетот за политички науки, Загреб), презентација на порталот srednja.hr (уредник Марко Матијевич), работилница „Како да се подготви квалитетна работилница“ (презентер Домагој Мориќ)

Активности од 5 ден на мобилноста: посета на Националниот парк Плитвички езера

Видеа од мобилноста на наставници во Хрватска

Повеќе информации за мобилноста можете да најдете на веб страната на проектот на следниот линк

Избрано логото за Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во периодот од 11-20.09.2019 година беше распишан училишен конкурс за избор на лого за Еразмус+ КА229 прокетот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Конкурсот можете да го погледнете на следниот линк.

На училишниот конкурсот беа поднесени 14 логоа кои беа шифрирани, а потоа со гласање на наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром, се одбраа три логоа што ќе ја претставуваат Македонија и нашето училиште. Автори на одбраните логоа на училишниот конкурс беа:

MK logo 1

Лого од Леон Јовановиќ и Драган Божиќ од VII-6  одд.

MK logo 3

Лого од Ана Ваљакова, Сара Костова и Давид Спасовски од VII-1 одд.

 MK logo 2

Лого од Давид Боримечковски и Даријан Атанасовски од VII-6 одд.

Во периодот од 01-04.10.2019 година следеше интернацоналното гласање и избор на логото на проектот. Интернационалниот гласење се состоеше од избор од 15 логоа (по 3 логоа од секое училиште партнер во проектот). Интернационалното жири се состоеше од претставници од секое училиште партнер во проектот, 3 наставници и 3 ученици. Интернационалниот конкурс и сите 15 логоа можете да го погледнете на следниот линк.

По завршувањето на интернационалтото гласање, со најголем број на гласови беше избрано Логото бр. 1 односно логото изработено од Леон Јовановиќ и Драган Божиќ од VII-6 одд. од нашето училиште. Избраното лого освен тоа што ќе биде објавено на веб страната на проектот, ќе биде испечатено на маички кои ќе бидат доставени за време на првата мобилност во Хрватка во октомври 2019 година, а авторот на на победничкото лого ќе биде награден.

received_637049853491847IMG_20191028_155553

Презентација на проектот 

На 30.08.2019 година, помошник директор, Милена Игњатова и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија презентација на проектот пред Наставничкиот совет на училиштето, а на 19.09.2019 година беше направена и презентација на проектот пред Советот на родители.

Пред присутните беа претставени целите на проектот, планираните активности и очекуваните резултати.

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 21-ви март 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Хрватска ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА219. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 25.226 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Одобрениот проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow), ќе се рализира во периодот од септември 2019 до август 2021 година. Училиште-координатор на проектот е “Sveti Petar” од Ореховец, Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “SCOALA GIMNAZIALA NR. 5” од Александрија, Романија , “Dositej Obradovic” од Чичевац, Србија и “IES Maestre de Calatrava” од Сијудад Реал, Шпанија.

Главната цел на проектот е развивање на медиумската писменост на учениците и наставниците на продуктивен начин преку публикување на дигитален училишен весник и креирање на работилници за медиумска писменост.

Проектни активности и резултати:

  • Дигитален училишен весник (креиран од самите ученици)
  • Веб страна на проектот
  • Работилници за развивање на медиумската писменост (за ученици, наставници и родители)
  • 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска)
  • 4 ученички размени (Србија, Македонија, Шпанија и Романија) на теми: Моќта на медиумите, Медиумите и сензациолизмот, Лажни вести и Медиумите и социјалното однесување
  • Конкурси за најдобар постер, видео, текст/приказна и дигитален стрип по повод Интернационалниот ден за заштита на интернет
  • Дигиталн повеќе јазичен речник
  • Збирка со дигитални апликации за употреба во наставата
  • Збирка со добри пракси