Еразмус+ КА229 проект „Кретаивни читатели“ 2019-2021

Еразмус+ КА229 проект

„Кретаивни читатели“

(Creative readers) 

2019-2021

Copy (2) of NA-Logo-H_MK-240909 Copy of logo-plus_0

Презентација на проектот

На 30.08.2019 година, помошник директор, Милена Игњатова и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија презентација на проектот пред Наставничкиот совет на училиштето, а на 19.09.2019 година беше направена и презентација на проектот пред Советот на родители.

Пред присутните беа претставени целите на проектот, планираните активности и очекуваните резултати.

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 21-ви март 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Хрватска ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА219. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 20.250 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Одобрениот проект Кретаивни читатели (Creative readers) ќе се рализира во периодот од септември 2019 до август 2021 година. Училиште-координатор на проектот е “Josip Kozarac“ од Липовљани, Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Zakladni skola a Materska skola” од Опава, Чешка , “4 DIMOTIKO PEFKON” од Грција  и “Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola” од Салдус, Латвија.

Главна цел на овој проект е развивање на писменоста и поттикнување на учениците да читаат активно и критички со цел развивање на клучните компетенции и развивање на социјалната инклузија и зголемување на мотивацијата за читање.

Проектни активности и резултати:

  • Обработка на лектирни дела со меѓупредметна корелација (македонски јазик со ликовно и музичко образование и странски јазици)
  • Обработка на книжевни дела со употреба на иновативни техники
  • Снимање на видеа и пишување на брошура со примери на добра пракса
  • Консурси за обележување на Интернационалниот ден на мајчиниот јазик
  • Средби со писатели и поети
  • Веб страна на проектот
  • 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска)
  • 4 ученички размени (Чешка, Македонија, Грција и Латвија)