Еразмус+ КА229 проект „Поинакво образование во училницата во природа“ 2020-2022

Еразмус+ КА229 проект

„Поинакво образование во училницата во природа“

(Slow down education in the nature)

2020-2022

Copy-2-of-NA-Logo-H_MK-240909Copy-of-logo-plus_0

Поставено Еразмус+ информативно пано

Во училишната аула е поставено Еразмус+ информативно пано посветено на проектните активности.

Project corner NMK

Воведен состанок во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Поинакво образование во училницата во природа“

Според проектната апликација на почетокот на месец декември 2020 година беше предвиден да се одржи воведен состанок (Kick off meeting) во Латвија, но поради ситуацијата со глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот истиот беше реализиран онлајн преку Zoom апликацијата.

Воведниот состанок беше реализиран во два денапрвиот дел на 4.12.2020 и вториот дел на 11.12.2020 година.

За време на првиот дел, на 4.12.2020 година, прво се обратија директорите и помошник директорите на секое партнер-училиште, а потоа следеше презентација на секое партнер-училиште преку видео или презентација. Нашето училиште беше презентирано од страна на нашиот помошник директор, Милена Игњатова преку онлајн презентација.

Потоа Еразмус+ координаторот од нашето училиште, Љубица Ружинска, имаше работна сесија со останатите учесници на состанокот на која се претстави платформата еТвининг и начинот на работа во рамките на TwinSpace делот во кој треба да биде започнат еТвининг проектот во рамките на КА229 проектот.

За време на вториот дел од воведниот состанок, на 11.12.2020 година, следеа следните активности:

  • работа со Google Drive, реализиран од страна на помошник директор, Милена Игњатова
  • план за публикација и десиминација, реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Романија
  • вовед во делот за евалуација (процес за евалуација и формулари), реализиран од страна на претставник од партнер-училиштето од Естонија
  • проектен план на активности, одговорности и рокови за периодот декември 2020 – јануари 2021, претставен од страна на претставник од партнер-училиштето од Латвија
  • договор и активности за следен состанок преку Zoom апликацијата во јануари (прашалник за ученици, правила за конкурост за избор на лого на проектот)

Добиен грант од Еразмус+ програмата клучна акција 2 – КА229– Стратешки партнерства за училишна размена

По завршувањето на процесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 23-ти април 2020 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Латвија ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА229. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со одобрен грант од 31.618 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.

Одобрениот проект „Поинакво образование во училницата во природа“ (Slow down education in the nature), ќе се рализира во периодот од ноември 2020 до ноември 2022 година. Училиште-координатор на проектот е “Staļģenes Secondary School” од Латвија, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Liceul Tehnologic Topoloveni” од Романија и “Palade Põhikool” од Естонија.

Главната цел на проектот е воведување на поинакви активности (базирани на т.н. slow movement) во образовниот процес и воннаставните активности со употреба на холистички пристап и иновативни педагошки решенија со цел да се зголеми мотивацијата кај учениците и да се поттикне интересот за изучување на STEM предметите.

Проектни активности и резултати:

  • преставување на концептот  на”Slow Movement” во училиштето
  • избор на теми од STEM предметите кои можат да се изучуваат во природа (надвор) – имплементација на 20 часови по  STEM предметите во природа, собирање на повратна инфомација од учениците, претставување на примери на добри пракси
  • интегрирано изучување на STEM предемти во природа (STEM + спорт + јазик) – 4 работилници за подготовка на часови, имплементација на најмалку 4 часови во секое партнер-училиште, претставување на примери на добри пракси
  • прилагодување на училишната околина за имплеменатција на активностите (часови во природа/надвор, одмори и воннаставни активности надвор и сл.)  преку креирање на училница на отворено (лабараторија во училишниот двор)
  • креирање на воннаставни активности кои ќе поттикнат здрав животен стил, подготовка на барем 1 воннаставна активност со група на ученици во секое партнер-училиште
  • натпревар за спроведено истражување со ученици на тема здрав живот или STEM (вкупно 20 поректи од групи на ученици – 3 до 4 ученици во група)
  • вклучување на учениците во организирање на активности за други ученици и родители кои промовираат здрав живот – најмалку 4 настани во секое парнер-училиште
  • едуцирање на учениците за здрав живот – организирање на најмалку 3 воннаставни активности во секое партнер-училиште, 1 интернационален камп, совети и примери на добри пракси за активности надвор без употреба на смарт апарати (телефони, таблети…)
  • креирање на е-книга – сите материјали од проектот ќе бидат собрани во една е-книга како алатка која ќе биде достапна за користење од страна на сите кои сакаат да имплементираат слични активности со своите ученици
  • 3 мобилности за тренинг на наставници (Естонија, Македонија, Романија)
  • 3 ученички размени (Латвија, Естонија, Македонија)