Учество на натпревари и освоени награди 2021/2022

Ликовни конкурси

Ученикот Дамјан Стефанов од IV – 3 одд. учествуваше во следните консурси и ги постигна следните резултати:

  • трето место – ликовен консурс по повод Европската недела на мобилност прганизирано од страна на Здружението на граѓани Еко Логик
  • специјална награда – на 25.12.2021 година за цртеж во Република Бугарија на меѓународниот конкурс “Роди се дете, син ни се даде” по повод Раѓањето Христово, организиран од страна на детското списание „Щъркел“ (Штрк)
  • второ место – на 07.01.2022 година на меѓународен божиќен конкурс во Република Србија во категоријата ликовна творба (дигитален цртеж “Христос се роди”) во програма Microsoft Paint.

Признание за посебен придонес во заштита на граѓаните и материјалните добра од пожари

Во знак на признание за посебен придонес во заштита на граѓаните и материјалните добра од пожари, Општински противпожарен сојуз, Аеродром се доделени дипломи
  • втора награда - Мила Мавровска
  • трета награда - Филип Димчевски

Литературен конкурс на тема „Мојата најомилена книга“

Во месец декември 2021 на литературниот конкурс на тема „Мојата најомилена книга“ организиран од страна на ЈУ Градска библиотека „Браќа Милединовци“, Скопје ученичката Елена Велкоска од VIII-4 одд. освои прво место.

Ликовен конкурс „13-ти Ноември“

На ликовниот конкурс „13-ти Ноември“ организиран од Детскиот ликовен центар, нашите ученици ги освоија наградите:

Одделенска настава:

Прво место

  • Горјан Крнчевски IV-4 одд
  • Ева Доневски V-5 одд

Второ место

  • Мила Колевска IV-3 одд
  • Нина Петрушевска I-5 одд

Трето место

  • Миа Дујовска I-5 одд

Предметна настава:

Прво место

  • Анџела Стамкова VIII-2 одд

Трето место

  • Давид Атанасов VI-5 одд

Стручна работилница на уметничка фотографија

На стручната работилница на уметничка фотографија одржана во ноември 2021 година во организација на ДЕТСКИ ЛИКОВЕН ЦЕНТАР, градско здружение на ликовни педагози, учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резулатати:

  • Јаков Павловски V-5 одд.  освоено I место
  • Андреј Тошевски V-5 одд. освоено I место
  • Тео Велески V-5 одд. освоено II место
  • Јана Станковска V-5 одд. освоено II место

ментор Роберта Јордановска

Ликовен конкурс „11-ти Октомври“ 

На ликовниот конкурс „11-ти Октомври“ организиран од страна на Детскиот ликовен центар учениците од нашето училиште ги постигаа следните резулати:

прво место

  • Дамјан Нанунов IV-5 одд.
  • Јана Станковска V-5 одд

второ место 

  • Лика Денковски IV-4 одд.
  • Татјана Тасев I-5 одд.

трето место

  • Филип Трифунов IV-5 одд.

Европската награда за иновативна настава (ЕИТА)

Европската комисија започна нова иницијатива во областа на училишното образование – Европска награда за иновативна настава (ЕИТА). Наградата има за цел да презентира најдобри наставни практики спроведени во рамките на Еразмус+ Програмата, и да искаже благодарност до наставниците и нивните училишта кои дале голем придонес во развојот на наставничката професија. Европската награда за иновативно учење ќе ја нагласи важноста на европската соработка во областа на образованието како и создавањето на европска образовна област во периодот до 2025 година.

Специфични цели на Европската награда за иновативна настава (ЕИТА) се следните :

  • да се истакнат  достигнувањата на наставниците и училиштата и да  се даде поголема видливост на нивната работа;
  • да се идентификуваат и промовираат најдобрите практики за настава и учење;
  • да се поттикне меѓусебното учење помеѓу наставниците и училишниот персонал и
  • да се истакне  вредноста на програмата Еразмус+ за европска соработка со наставници.

Има четири категории за Европска награда за иновативна обука:

  • Едукација и грижа за раното детство;
  • Основно образование;
  • Средно образование и
  • Стручно образование и обука.

Секоја година, Комисијата ќе дефинира тематски приоритет со кој треба да се бават проектите избрани за ЕИТА. Со оглед на настанатата ситуација со пандемијата Ковид-19 и во согласност со Акциониот план за дигитално образование, тематски приоритет на ЕИТА Наградата за 2021 година е учење од далечина (distance/blended/hybrid learning).

Победници на Европска награда за иновативна настава ЕИТА 2021

Оваа година имаше 104 добитници на Европската награда за иновативна настава од различни држави од ЕУ. Нашето училиште беше добитник на Европска награда за иновативна настава 2021 во категоријата за основно образование од нашата држава со нашиот Еразмус+ КА101 проект „Создаваме иновативна иднина“ реализиран во 2016/2017 година

248428888_590500915629053_193617844874029470_n

248172164_255290469880362_3431771874066090882_n

На 20.10.2021 година од страна на Европската Комисија беше одржана онлајн церемонија на која беа претставени сите 104 победници.  На следниот линк можете да ги погледнете видеата на сите победници.