еТвининг 2021/2022

Copy-2-of-NA-Logo-H_MK-240909       logo

awarded-etwinning-school-label-2020-21

Нашиот еТвининг проект „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“ објавен во еТвининг книгата на добри пракси на тема „Медиумска писменост и дезинформации“

Нашиот еТвининг проект „Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“ (Young journalists today – responsible citizens tomorrow) кој е дел од Еразмус+ КА22 проектот под исто име и кој се реализираше во периодот од декември 2019 до мај 2020 година, е објавен во еТвининг книгата на добри пракси на тема „Медиумска писменост и дезинформации“.

Годишната еТвининг тема за 2021 година е Медиумска писменост и дезинофрмации. Целта на оваа еТвининг книга е да даде инспирација и поддршка на наставниците и учениците од различни возрасни групи преку истражување на темата од различни агли, да илустрира примери на добри пракси на еТвининг проекти на оваа тема и да понуди различни ресурси и активности.