Информации од јавен карактер

Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации

Согласно обврските што произлегуваат од член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019), имателот на информации -  ООУ „Лазо Ангеловски“, за службени лица кои посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ги определи следните  лица:

Силвана Давчевска – секретар

Телефон: 02 2430 324, 075 568 752

контакт e-mail

Валентина Петрова

контакт e-mail

ООУ „Лазо Ангеловски“

Бул. АСНОМ бр. 192, 1000 Скопје

Република Северна Македонија

Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат)

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага ООУ „Лазо Ангеловски“, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до ООУ „Лазо Ангеловски“ непосредно во архивата; преку пошта на адреса на ООУ „Лазо Ангеловски“ (Бул. АСНОМ бр. 192, 1000 Скопје), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: todevskasm@hotmail.com).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Образец-на-Барање-2-2

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Барањето исто така може да се достави во онлајн формат на slobodenpristap.mk

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице: Силвана Давчевска, контакт телефон: 02 2430 324, 075 568 752 и е-маил: todevskasm@hotmail.com

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Процедура за жалба 

Агенција за заштита на правото за слободен пристап на информациите од јавен карактер https://aspi.mk/