Во периодот од 9.2.2021 до 16.2.2021 год., по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, како една од активностите на Еразмус+КА229 проектот „Креативни читатели“, во рамките на училишната библиотека беше распишан литературен конкурс на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“ за учениците од III до IX одд. На овој конкурс се пријавија голем број ученици со свои лични литературни творби, поделени во две категории, и тоа: песна (поетска творба) за учениците од III до V одд. и есеј (прозен текст) за учениците од VI до IX одд. Целта на литературниот конкурс за мајчиниот јазик е да се развива и поттикнува изградувањето на јазичната свест кај младите, како и да се сака и негува мајчиниот јазик како најголемо духовно богатство на секој поединец.
По разгледувањето на пристигнатите литературни творби и нивното оценување од страна на комисијата составена од наставници, врз основа на определените критериуми, наградени се следниве ученици:
1. категорија
- Одделенска настава
1. место: Марија Кузмановска 5-1 одд.
2. место: Јаков Павловски 4-5 одд.
3. место: Лана Настевска 3-2 одд.
2. категорија
- Предметна настава:
1. место: Вероника Илијевска Тосковска 6-6 одд.
2. место: Александар Цветковски 6-1 одд.
3. место: Ванеса Димовска 7-5 одд.
Пофалени ученици за успешно учество на литературниот конкурс се:
- Одделенска настава
- Никола Зорески 5-1 одд. „Македонскиот јазик, мојата татковина“
- Лара Митевска 3-3 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Милан Здравковски 4-1 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Филип Цоковски 3-4 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Јана Ѓорѓиевска 3-4 одд. „Триесет и една светилка“
- Диона Боримечкоска 4-3 одд. „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“
- Максим Христовски 3-2 одд. „Аманет“
- Нина Панчевска 4-2 одд. „Мајчиниот јазик“
- Симона Рајковчевска 3-2 одд. „Јазикот наш бисери носи“
- Предметна настава
- Ива Бошеска 7-2 одд. „Мајчиниот јазик – нашиот идентитет и култура“
- Ема Котевска 7-5 одд. „Две баби и нови идеали“
- Калина Граорковска 6-6 одд. „Мајчиниот јазик – наша должност“
- Илина Стојановска 6-1 одд. „Мојот мајчин јазик“
- Александра Митеска 6-3 одд. „Нашиот мајчин јазик“
- Магдалена Ноческа 6-3 одд. „Зошто се сака јазикот?“
Им честитаме на наградените и пофалените ученици, како и на сите други учесници на литературниот конкурс на темата: „Милоста кон мајчиниот јазик – наш долг и свето право“ и ги поттикуваме и во иднина да пишуваат свои литературни дела, затоа што нема нешто поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик.
Нека ни е честит Денот на мајчиниот јазик!